Македонија

Ќе се гради Меморијален центар на местото на модуларната болница во Тетово

Овој центар ќе биде место за сеќавање, но и потсетник дека вакви трагедии не смеат да се повторат – порачаа од Министерството за здравство

Министерството за здравство денеска преку објава на Фејсбук го промовираше проектот за изгледот на идниот Меморијален центар во Тетово, кој ќе биде изграден во чест на жртвите од пожарот во модуларната болница.

Трагичниот настан, кој се случи во септември 2021 година, однесе 14 животи – 12 хоспитализирани пациенти и двајца нивни роднини. Болницата беше целосно уништена за помалку од три минути, оставајќи длабока трага во јавноста.

– Овој центар ќе биде место за сеќавање, но и потсетник дека вакви трагедии не смеат да се повторат – порачаа од Министерството за здравство.

Модуларната болница во Тетово беше една од 29-те привремени болници изградени за справување со големиот број заболени од ковид-19 во периодот на пандемијата.

Истрагата за трагедијата сè уште нема добиено официјална разрешница, а семејствата на загинатите и понатаму бараат одговорност и правда.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со честитка за 24 Мај: Кирил и Методиј се темел на духовниот идентитет на македонскиот народ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, славата и просветителите на словенските народи.

Димитриеска-Кочоска го повика СДСМ на средба: Економијата се мери со бројки, а не со паника

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, го повика економскиот тим на СДСМ на отворена средба во Министерството за финансии, при што остро ја обвини опозицијата дека шири „паника, невистини и политички конструкции“ за економската состојба во земјата.

To top