Македонија Бизнис

Како Македонија стигна четврт економска сила во светот?!

Македонската економија е рангирана на 4-то место според растот на бруто домашниот производ, во првиот квартал и се наоѓа веднаш зад Ирска, Данска и Полска, истакна премиерот Христијан Мицкоски. Според него, откако е избрана оваа влада реалниот раст на БДП изнесува повеќе од 3%, додека, пак, прилагодениот раст изнесува 3,2%. Отворивме ново поглавје на економски […]

Македонската економија е рангирана на 4-то место според растот на бруто домашниот производ, во првиот квартал и се наоѓа веднаш зад Ирска, Данска и Полска, истакна премиерот Христијан Мицкоски. Според него, откако е избрана оваа влада реалниот раст на БДП изнесува повеќе од 3%, додека, пак, прилагодениот раст изнесува 3,2%.

Отворивме ново поглавје на економски раст и тоа е сериозен сигнал дека реформите даваат резултати. Ако сакаме до 2030. да бидеме уште повисоко на листата, мора да го одржуваме просекот кој треба да биде повисок од 4%, посочи премиерот.

  • Денес сакам да ве уверам дека бројките што ги објавуваме не се само статистика, тие се огледало на промената што веќе се чувствува“, изјави Мицкоски на прес конференција во Владата.

Тој посочи дека според прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2025 година, реалниот раст на Бруто домашниот производ откако е избрана оваа Влада, трет квартал по ред е 3 или повеќе проценти, а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2% тоа е бројката којашто ја објавува „Евростат“.

  • Со тоа, практично на досега објавените параметри коишто ги објавил ‘Евростат’, македонската економија е рангирана на четврто место, веднаш позади Ирска, Данска и Полска“, нагласи Мицкоски додавајќи дека ова не е случајност, туку е „резултат на храброст, визија и многу работа“.

Мицкоски додаде дека стапката на раст е многу сериозен сигнал дека реформите даваат резултати, имајќи предвид дека станува збор за првиот квартал од годината којшто секогаш е најслаб и најпредизвикувачки.

Тој нагласи дека доколку сакаме до 2030 да бидеме уште повисоко на европската економска скала, мора да го одржуваме просекот којшто ќе биде поголем од 4 отст, но предупреди дека тоа не зависи само од нашите внатрешни параметри, туку и од екстерните фактори.

  • Имајќи предвид дека просекот во рамките на ЕУ е 1,4 отсто, тогаш можеме да кажеме дека ние сме 2 ипол пати над тој просек, а во еврозоната е 1,2 отсто“, рече Мицкоски, илустрирајќи го ова и со некои податоци кои рече дека „можеби ќе бидат интересни“.

Инаку, според премиерот, денешниот раст е сигнал дека државата се движи напред со посветеност, храброст и со јасна визија.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Елмир Емини од огранокот на ДУИ од Тетово бара оставка на „неморалните и оние, кои се обидуваат да ги оцрнат името на Тетово и нивната чест“!

„Раководството на ДУИ денес во тетовска Мала Речица расправаше за исклучително лошите резултати во вториот круг на локалните избори на 2 ноември. Одредено е до 20 декември 2025 година да се одржи конгрес на ДУИ, на кој се очекува оваа партија да ги направи првите измени, или да спроведе внатрешнопартиски избори.“ – објавија ТВ Алсат и „Порталб“.
Медиумите дополнуваат: По состанокот на партиското претседателство портпаролот Арбер Адеми дека „ДУИ не е одговорна за загубата во Кичево и Брвеница“ и ја обвини коалицијата Вреди за тоа. Според Адеми, партиското претседателство расправало и за коалицијата, што ја има ДУИ со двете крила на Алијансата за Албанците. „Таа коалиција продолжува и не се разговараше за нејзино можно распуштање.“ – посочи Арбер Адеми.

Се работи како никогаш до сега – на автопатиштата на коридорите 8 и 10д ангажирани 2.277 луѓе

До крајот на септември извршени се ископувања на 4,1 милион метри кубни земја и еден милиони метри кубни материјал за пополнување. Во септември немало исплати кон изведувачот, кому во август му беа префрлени 1,2 милијарди денари.

Македонија значително напредува во спроведувањето на реформите со Реформската агенда

Земјата постигнала одреден напредок во однос на плурализмот и слободата на медиумите и на слободата на изразување – се оценува во Годишниот извештај на Европската комисија.

To top