Свет

Два авиони се судрија на аеродром во Њујорк (ВИДЕО)

Во двата авиона имало вкупно 93 патници и членови на екипажот

 

Инцидентот во кој учествуваа два авиона на „Ендевор Ер“ се случил во 21:58 часот по локално време, на пистата на аеродромот Ла Гвардија , додека едниот слетувал, а другиот се подготвувал за полетување, пренесува Њујорк тајмс

Едно лице е однесено во болница со „повреди кои не се опасни по живот“, соопштија властите на Њујорк и Њу Џерси.

Исто така, се наведува дека стјуардеса претрпела полесни повреди.

Аеродромските власти соопштија дека операциите на Ла Гвардија, еден од најпрометните аеродроми во САД, не биле прекинати. „Делта“, матичната компанија на „Ендевор Ер“, изјави дека ќе „соработува со сите надлежни органи за да ги разгледа“ безбедносните мерки по „судирот со мала брзина за време на таксирањето“.

Повикувајќи се на прелиминарните информации, компанијата соопшти дека крилото на авионот, кој таксирал пред полетувањето кон Роаноук, Вирџинија, „дошло во контакт со трупот на авионот што пристигнувал“.

Во двата авиона имало вкупно 93 патници и членови на екипажот.

Најнови вести од: Свет

Пекинг бара од САД да прекинат целосна комуникација со Тајван

Кина цврсто се спротивставува на каква било форма на официјална комуникација меѓу САД и кинескиот регион Тајван и го повикува Вашингтон веднаш да ги прекине таквите контакти и да не испраќа погрешни сигнали до силите што се залагаат за независност на Тајван, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан.

Скандалот со тендерот на ЕУ е една од најголемите кризи во Брисел, се тресе и столчето на Урсула фон дер Лајен

Синдикатите на вработените во ЕУ предупредуваат дека евентуалното потврдување на обвинувањата би предизвикало „катастрофална штета“ по репутацијата на Унијата. Четворица високи функционери, цитирани од „Политико“, велат дека скандалот дополнително ќе ги затегнува односите меѓу Фон дер Лајен и сегашната висока претставничка Каја Калас.

Уапсена е Федерика Могерини, осомничена е за корупција и измама

Федерика Могерини, поранешна висока претставничка за надворешна политика и поранешна шефица на Европската служба за надворешна акција (EEAS) е уапсена денеска во Брисел како дел од истрага за измама во која беа вклучени Колеџот на Европа и Европската служба за надворешна акција, објавија белгиските медиуми.

To top