Бизнис

Нови 22 авиолинии низ Европа – стартуваат рутите за Неапол и Будимпешта од Скопје, по која цена?!

Новите авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе ги спојат сите вљубеници во патувањето со Неапол – градот на уметноста и гастрономијата, родното место на пицата и влезната порта за спектакуларното Амалфи крајбрежје и со Будимпешта – „Бисерот на Дунав“ со величествени мостови, термални бањи и архитектура што раскажува европска историја, истакнуваат од скопскиот аеродром.

Силно се развива авиосообраќајот во Македонија, вели Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт, информирајќи ја јавноста дека се отворени 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа. Аеродромите во државата со се поголем број на патници, нагласи Николовски, и стануваат лидери во регионот. „Продолжуваме во период кој следи со уште повеќе активности со цел зајакнување на авиосообраќајот“, вели Николоски, што го сподели и Министерството за транспорт.

  • „Како резултат на плодната соработка на ТАВ Македонија, Вир ер и Владата, од идната летна сезона на летање која почнува на крајот од март 2026, Меѓународниот Аеродром Скопје за прв пат ќе се поврзе со Неапол (Италија), а повторно ја воведува дестинацијата Будимпешта (Унгарија). Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид пак, добива директни летови до Милано Малпенза (Италија) и Вроцлав (Полска), а ја враќа рутата до Катовице (Полска)“, стои во известувањето на веб-страната на ТАВ Македонија.

ТАВ Македонија, претходно објави и дека ја проширува својата мрежа на дестинации со воведување на уште две нови авиолинии до најголемите острови во Италија – Сицилија (Палермо) и Сардинија (Алгеро), на Виз ер, најголемата авиокомпанија во Македонија. Од 15 јули стартува линија од Скопје до Палермо, со која Виз ер ќе сообраќа три пати неделно, секој понеделник, среда и петок, со достапни цени од 29,99 €, а од 18 јули започнува рутата Скопје – Алгеро, која ќе лета два пати неделно, секој вторник и сабота со достапни цени од 39,99 €.

Авиобилетите за овие две нови дестинации – Палермо (Сицилија) и Алгеро (Сардинија) се веќе пуштени во продажба на веб – страницата на Wizz Air. Со директните поврзувања со едни од најатрактивните европски градови, ТАВ Македонија го збогатува изборот на патниците и ја доближат земјава до европските дестинации.

Новите летови заедно со повторно воведените дестинации од Скопје и од Охрид ќе бидат уште една можност да се запознаат нови култури, да се видат нови историски обележја, да се почувствуваат нови традиции.

  • „Со ова проширување на мрежата на авиолинии, двата македонски аеродроми добиваат засилена улога како клучни врати кон Европа и пошироко. Овие нови авиолинии се резултат на нашата стратешка соработка со Владата и со авиокомпанијата Виз ер, со цел да се зголемат можностите за патување и мобилност на граѓаните. Сигурен сум дека новите дестинации како Неапол од Меѓународниот Аеродром Скопје, Милано и Вроцлав од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид како и враќањето на Будимпешта од скопскиот аеродром и Катовице од охридскиот, ќе бидат атрактивни за граѓаните и ќе придонесат кон конкуретноста на двата аеродроми во регионот, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.  

Новите авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе ги спојат сите вљубеници во патувањето со Неапол – градот на уметноста и гастрономијата, родното место на пицата и влезната порта за спектакуларното Амалфи крајбрежје и со Будимпешта – „Бисерот на Дунав“ со величествени мостови, термални бањи и архитектура што раскажува европска историја, истакнуваат од скопскиот аеродром.

Летовите од Скопје до Неапол и до Будимпешта од скопскиот аеродром ќе стартуваат на 30 март 2026 година, а ќе се реализираат секој понеделник, среда и петок.

Од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид  пак, патниците ќе имаат можност директно да се поврзат со полските градови Катовица и Вроцлав, модерни индустриски и културни центри, познати по живописните музички фестивали, по готска архитектура и урбана енергија, како и Милано, светската престолнина на модата и дизајнот.

Летовите од охридскиот аеродорм до сите 3 дестинации ќе се одвиваат два пати неделно, до Милано Малпенза ќе стартуваат исто така на 30 март 2026 година, а додека за Вроцлав на 7 јуни и Катовице, на 8 јуни годинава.

Најнови вести од: Бизнис

Анѓушев за BLOOMBERG: Македонија може да ја складира евтината струја во батерии да ја извезува кога цените се повисоки

Македонија треба забрзано да ги зголемува капацитетите за складирање електрична енергија преку инсталирање повеќе батериски системи, со што ќе може да ја складира струјата во периодите кога е евтина

Колку чини да се наполни резервоарот во Македонија, а колку преку граница?!

Ако се пресмета резервоар од 50 литри, во Македонија за бензин би биле потребни околу 75,5 евра, додека во Грција околу 100 евра. Кај дизелот, 50 литри во Македонија чинат околу 82 евра, а во Албанија речиси 112 евра.

„Рапид Билд“ ќе го гради гасоводот кон Србија, проектот тежи 29,4 милиони евра

Македонскиот дел од интерконекторот ќе биде долг 22,4 километри, со дијаметар од 500 милиметри. Почетната точка ќе биде кај блок-станицата „Клечовце“, а крајната точка ќе биде на границата со Србија, во близина на селото Сопот.

Револт во Телеком: Директорот со 20 илјади евра плата цел месец не дошол на работа

Незадоволство од актуелниот директор во Македонски Телеком. Дел од раководните структури се револтирани од тоа што генералниот директор Горан Марковиќ според нив, веќе околу еден месец не се појавил на своето работно место во Скопје

(Фото): Одбележен 28 август – благодарност до сите што работат под земја

Во 2025 година во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, а рударството учествувало со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот извоз на државата, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по повод Денот на рударите.

Гасификацијата влегува во нова фаза – Македонија се врзува со Грција, Србија и Вертикалниот коридор

Новото раководство на НОМАГАС го предводи Недим Рама, како претседател на Управниот одбор и генерален директор. Крсте Миладинов е заменик-претседател на Управниот одбор и заменик-генерален директор, а членови се Бошко Стефановски, Хајриз Бучи и Огнен Димитров. На чело на Надзорниот одбор е Иво Малинов како независен член и претседател. Во одборот се и Агим Махмути, Златко Ацевски, Катерина Гичев и Саша Ангеловски.

To top