Македонија

Вреди бара истрага дали поврзаноста на Ахмети и ДУИ со тендерите на „АС Сењак“ ги загрозува националниот интерес и стабилноста на државата

„Државната комисија за спречување на корупцијата треба да покаже дали работи за граѓаните, или е само декор на криминалната власт. Правдата ќе ги стигне сите вмешани во оваа афера против државата.“ – истакна Беким Фазлиу, претставник на коалицијата Вреди.

Коалицијата Вреди официјално поднесе иницијатива до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) со барање за истрага во врска со наводната афера околу фирмата „АС Сењак“ и поврзаноста на политичката елита на ДУИ со српската држава. Вреди бара да се истражи дали оваа операција ги загрозува националниот интерес и финансиската стабилност на државата. „Мислеа дека вистината ќе исчезне, ако молчат. Мислеа дека народот ќе заборави, ако ги игнорираат фактите. Но, се излажаа. Ние не забораваме. Од денес оваа афера добива и институционална димензија.“ – изјави Беким Фазлиу, претставник на коалицијата Вреди.

Според Фазлиу, аферата се однесува на продажбата на акции од семејството на Али Ахмети преку „АС Сењак“ на Алта Банка од Белград, банка што е под контрола на српскиот претседател Александар Вучиќ. Истите акции, додава тој, претходно биле купени од поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, што го потврдува постоењето „криминална оска“ меѓу Мијалков, Ахмети и Вучиќ. „Фирмата ‘АС Сењак’ функционира како проточен бојлер за перење пари од тендери, доделени од институции на ДУИ, за да се тргува потоа со пари и акции зад грбот на граѓаните. Ова не е бизнис, туку предавство на националните интереси.“ – нагласи Фазлиу.

Во иницијативата, Вреди бара од ДКСК да истражи: (1) Дали Али Ахмети и функционери на ДУИ ги злоупотребиле службената положба и политичкото влијание за реализација на зделката?; (2) Каква е заднината на финансиските трансакции меѓу фирмата на Мијалков и семејството на Ахмети; (3) Дали тендерот од 1,5 милион евра, доделен на „АС Сењак“ само шест дена по продажбата, е награда за политичка услуга;  (4). Дали оваа операција ги загрозува националниот интерес и финансиската стабилност на државата?

„Ова е тест за институциите. ДКСК треба да покаже дали работи за граѓаните, или е само декор на криминалната власт. Нивниот молк нема да нè спречи. Вистината ќе излезе на виделина. Правдата ќе ги стигне сите вмешани во оваа афера против државата.“ – истакна Фазлиу.

Иницијативата на Вреди уследува по пет дена молчење на ДУИ и Али Ахмети. Според Фазлиу, тоа е „најгласното признавање на вината во оваа афера“.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар во Штип

Зголемен е бројот на пациенти со мозочен удар во Штипската болница. Одделот за неврологија е скоро целосно пополнет. Зголемен е бројот на пациенти со стомачни проблеми, вртоглавици, колапси и варирање на крвниот притисок во лекарските ординации…

To top