Македонија

Борче Марковски е вратен во Македонија, тој е во Битола со неговото семејство – тврди адвокатот

Се прошетал до Србија, се уште неизвесно дека е во Битола

Бизнисменот Борче Марковски, кој е обвинет за злоупотреба на тендери во РЕК, се врати во Македонија, изјави неговиот адвокат Марјан Николоски за ТВ 24

Тој вели дека непотребно се кренала паника зошто судот му го вратил пасошот.

– Тој е веќе во Битола со своето семејство, ги заврши обврските во Србија. Ги заврши работите во Србија за кои што и го баравме пасошот. Чекаме да почне судењето за да ги расчистиме работите, ние не бегаме од судење – вели Николоски.

Тој тврди дека патувањето било неопходно, а ако не добил можност да патува за Србија и да ги среди проблемите во неговата тамошна фирма, во случај да биде ослободен од обвинението, државата би требало да ги плати штетите на фирмата во Србија.

Марковски на 29 јули преку граничниот премин „Табановце“ отпатува во Србија, откако претходно Основниот суд во Струга му го врати пасошот по приложена гаранција од над пет милиони евра.

При преминувањето на границата, како што беше соопштено, Марковски бил задржан на полициска проверка, но потоа му било дозволено да ја напушти државата, бидејќи во системот немало активна мерка што го спречува во тоа.

Откако бизнисменот отпатува надвор од државата, во јавноста се ширеа шпекулации дека тој побегнал. Дополнително беа упатени обвинувања на адреса на обвинителството зошто се дозволило судот да му го врати пасошот кога е осомничен за тешки кривични дела.

Марковски, како сопственик на „Марковски компани“, е меѓу осумте обвинети физички лица, додека неговата компанија, како правно лице, е опфатена во постапката за злоупотреби при тендери за дислокација на погонските станици од рудникот „Осломеј“ во рудниците во Битола, во вредност од 1,7 милиони евра.

Марковски, кој е и почесен конзул на Белорусија во Македонија, поседува компании и друг имот во Србија.

Засега нема официјална потврда дека бизнисменот е дома.

Најнови вести од: Македонија

Јаревски: Не е „Алта банка“ ни ТАТ, ни Лавци, ниту пак „Еуростандард“

Банката е ликвидна, обезбедени се штедните влогови, заштитени се и доверителите. Мерките што ги презема Народната банка се веднаш промптни, уште од самиот викенд. Немаме стечај, немаме пропаѓање на банката“, рече пратеникот

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

(Фото): Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.

To top