Македонија Бизнис

Средба Кочоска-Славески: Заложба за координција меѓу моентарната и фискалната политика за макроекономска стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески. На средбата двајцата соговорници разменија мислења за тековните економски предизвици и изразија заложба  за продолжување и понатамошно зајакнување на координацијата помеѓу Министерството за финансии и Народната банка во насока на донесување политики што ќе бидат одржливи и во интерес на граѓаните и […]

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески. На средбата двајцата соговорници разменија мислења за тековните економски предизвици и изразија заложба  за продолжување и понатамошно зајакнување на координацијата помеѓу Министерството за финансии и Народната банка во насока на донесување политики што ќе бидат одржливи и во интерес на граѓаните и на стопанството.

На средбата беше изразено заедничкото уверување дека тековната макроекономска стабилност е приоритет којшто треба и понатаму да се одржува и унапредува преку добро усогласени и координирани политики. Беше истакната важноста на блиската соработка помеѓу фискалната и монетарната власт за обезбедување предвидлива економска средина, како основен предуслов за побрз економски раст.

Дополнително, беше нагласено и значењето на координираниот пристап меѓу сите финансиски регулатори во земјата, за да се овозможи понатамошен развој на стабилен, конкурентен и инклузивен финансиски систем, кој ќе биде отпорен на надворешни шокови и во функција на долгорочен економски напредок.

Министерката Димитриеска Кочоска и гувернерот Славески изразија подготвеност за континуирана институционална комуникација и соработка, со цел ефикасно справување со тековните и идните економски предизвици.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Тачи се раздвои од Ахмети, но не успеа да влезе во Владата и спроти изборите е на крстопат – „ниту на небо, ниту на земја“

Тачи и ДПА пред сериозни дилеми како ќе настапат и со кого на годинашниве локални избори: пред четири години победија во градоначалничката трка само во Студеничани со Азем Садики, а тој сега пак се кандидира, но како независен кандидат.

ВИДЕО: 19 годишник заврши во полиција – предизвикал пожар во Тетово

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар. “Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли со што предизвикал пожар кај […]

To top