Македонија

Дуковски: Пресудата од 12 години тврдам е донесена под огромен притисок од јавноста

Адвокат на Васил Јованов

Во овој случај сметам дека се сака да се оди на лов на вештерки и ако 12 години казна е изречена некогаш во историјата на правото на Македонија. Пресудата од 12 години тврдам е донесена под огромен притисок од јавноста, тука важеше начелото „око за око, заб за заб“, изјави бранителот на Васил Јованов, адвокатот Сашко Дуковски, во изјава за медиумите по денешната јавна седница пред Апелација.

Според Дуковски, судот испитува дали признанието на вина е доброволно дадено и дали каењето е вистинско, посочувајќи дека тоа е направено повеќе пати и дека тоа го потврди и вештачењето.

-Не може четири пати да се каете. На судењето пред првостепениот суд ние изведовме како доказ видео веднаш после настанот каде што се гледа искрено, категорично и недвосмислено каење со зборовите „леле што сторив, греота за девојчето“. Тоа не е искрено? На самото рочиште го кажа тоа, кај судијата на претходна постапка, во вештачењето. Не можете вие да го измамите вештото лице, кое што е вештак Маркециќ, ангажиран од страна на Обвинителството долги години, кој што тврди дека каењето е сериозно, лично и недвосмислено, изјави Дуковски.

Според Дуковски, многу потешка сообраќајка со два повеќе престапи, како бегање од лице место и со повреда на уште едно лице, а се друго исто, завршиле со осум години затворска казна.

-Тоа е целта на признанието на вина. Да се избегнат скапи и долги судења, да му се каже на обвинетиот дека не се исплати да се занимава со криминал, но и тој да добие некој бенефит. Каков бенефит вие имате со 12 години. Пресудата од 12 години тврдам е донесена под огромен притисок од јавноста, тука важеше начелото „око за око, заб за заб“ и јавноста му пресуди на Васил Јованов. Јас не барам да му се даде орден за тоа што го направил, но да се даде разумна казна во рамките на судската пракса досега за вакви кривични дела. Инаку, сообраќајки имало и ќе има, изјави Дуковски.

Пред Апелациониот суд Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 13 мај годинава со која Васил Јованов беше прогласен осуден на казна затвор  од 12 години, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Фросина Кулакова од Неготино на 29 јануари годинава беше прегазена додека поминувала пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала во Скопје. Дваесет и двегодишната девојка беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој, според обвинителството, возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top