Хроника

По повеќе од една недела молк, Врховен објави зошто ја укинал пресудата за Ласкарци

Не е разјаснето кој и како придонел за несреќата

По повеќе од една недела молк и бурни реакции од јавноста, Врховниот суд објави зошто ја укинал пресудата за Ласкарци.

Според највисокиот суд, Апелација не одговорила на сите клучни жалбени наводи и не дала конкретно образложение како дејствијата на осудените се поврзани со несреќата и врз основа на кои докази е утврдена нивната кривична одговорност, иако Апелација речиси двојно им ги зголеми затворските казни.

Во одлуката се посочува дека вештачењата и супервештачењето како причина за несреќата го наведуваат пропустот на возачот Маноил Трифуновски, кој беше осуден на 14 години затвор. Истовремено, била утврдена и неисправна техничка состојба на автобусот, но, според Врховниот суд, не било објаснето во која мера таа влијаела врз несреќата.

Судот оценува дека не е дадено доволно образложение ниту за поврзаноста на дејствијата на останатите осудени. Меѓу нив е и сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, чија казна од првично четири години затвор Апелација ја зголеми на 10 години.

Во меѓувреме, скопскиот Кривичен суд објави дека до нив стигнало известување за ослободување на осудениот Јане Боварски, согласно пресудата на Врховниот суд. Се ослободува од понатамошно издржување на затворската казна сè до донесување нова судска одлука.

„Ова е единствениот осуден чија санкција му се извршува по упатен акт на Кривичен суд Скопје. Сите останати осудени се под надлежност на Основниот суд во Гостивар, согласно нивното место на живеење“, наведуваат во соопштението од Кривичен.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top