Македонија

Починатиот Панчо Минов, бил носител на независна листа за локалните во Кавадарци

Првпат се случува, но има законски пропишана постапка, во случај на смрт на еден од кандидатите, особено носител на советничка листа

Поранешниот градоначалник на Кавадарци, Панчо Минов, кој почина денеска, беше носител на независна листа за Локалните избори 2025

Откако утрово ја добиле веста од Општинската изборна комисија Кавадарци за МИА информираат дека за тоа ќе ја известат Државната изборна комисија.

„ Утрово добивме потврдена информација. Сега ние ќе известиме до Државна изборна комисија.

Има законски пропишана постапка, во случај на смрт на еден од кандидатите, особено носител на советничка листа.

Мислам дека сѐ уште не се отпечатени ливчињата.

Натаму, ќе ни кажат што, како да постапиме. Ваков случај првпат сега имаме – рече Емилија Петровска, претседател на ОИК.

Панчо Минов, бил градоначалник на Општина Кавадарци во два мандата, од 2000 до 2005 година, од страна на Либерална партија, и од 2005 до 2009 како независен.

Најнови вести од: Македонија

Македонија намерно се самоблокира, смета бугарскиот новинар од (не)славното интервју на Заев

Кога доброволно се повлекувате, откако Кошта и Фон дер Лајен ќе ви кажат што да правите, се поставува прашањето: со што се пополнува овој вакуум, резонира сопственикот на агенцијата БГНЕС

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Почина Драги Данев – првиот ректор на УКИМ во самостојна Македонија

Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството

To top