Македонија

Гребенаров: Ако продолжи трендот со бугарските пасоши, тогаш Македонците ќе бараат место во Уставот!

Според бугарскиот историчар, 250 илјади граѓани на Македонија имаат државјанство и на Бугарија

Бугарскиот професор и историчар Александар Гребенаров „изброи“ 250.000 македонски граѓани со бугарски пасош, поради што на Македонците им предвиде дека ќе се нашле во ситуација да бараат место во македонскиот устав како Бугарите сега?!

„За период од 10 години 216 илјади македонски граѓани добиле бугарски пасоши, каде што признале дека имаат бугарска свест. Мислам дека има 250 илјади македонски граѓани со бугарски пасоши. Ако овој тренд продолжи, тогаш Македонците ќе се борат за своето место во Уставот во ‘морето’ исполнето со Албанци и Бугари“, изјави Гребенаров во интервју за Љајм ТВ.

Според него, Македонија мора да го почитува т.н. Француски предлог, бидејќи самата го одобрила.

„Северна Македонија е должна да го почитува Францускиот предлог, тој документ беше прифатен како таков, го потпишаа поранешните министри за надворешни работи од тоа време, г-ѓа Генчовска и г-дин Османи. Не сакам да навлегувам во историски детали, но Македонија во Средниот век се нарекувала ‘Долна Бугарија’, а просветителите познати на историјата зборувале и пишувале на бугарски јазик, бидејќи во тоа време немало ниту Македонија ниту Македонци. До Првата светска војна термините ‘Македонија’ или ‘Македонци’ отсуствуваат од историјата“, додаде Гребенаров од Македонскиот научен институт од Софија во интервјуто водено од поранешниот претседател на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Андоновска: Каде завршиле 800.000 евра од отпишаната пченица на СДС, Трајан Димковски и Љупчо Николовски? (ВИДЕО)

Трајан Димковски, поранешен министер и заменик министер за земјоделие од редовите на СДСМ, како и шеф на кабинет на Љупчо Николовски, во периодот од 2019-2021 година заедно со други 4 службени лица, направиле отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, во вредност од близу 800.000 евра – изјави на денешната прес-конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Новото раководство на ССКМ: Казната е од февруари, ние ќе ја почитуваме одлуката

Новиот претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), Горан Ѓорѓиевски, најави дека организацијата ќе ја почитува казната од 18.500 евра што вчера ја изрече Комисијата за заштита на конкуренцијата, но нагласи дека таа е директен резултат на постапките на претходното раководство во февруари 2025 година, кое работело спротивно на статутот и ги вовлекло коморите во картелско здружување.

To top