Свет

Финансиска блокада во САД: Едно од барањата за деблокада е 3,9 милиони долари за грантови за ЛГБТ+заедницата во Западен Балкан

Финансиската блокада на владата на САД од страна на демократите му прави вистинска штета на американскиот народ.

Финансиската блокада на владата на САД од страна на демократите му прави вистинска штета на американскиот народ. Додека демократите продолжуваат да го слават страдањето на Американците, сега бараат 1,5 трилиони долари (1 500 милијарди долари) буџетски пари за да ја прекинат блокадата, изјави вчера Мајк Џонсон, спикерот на Претставничкиот дом во американскиот Конгрес, на прес-конференција што се одржа околу 16 часот по македонско време.

Еве што бараат демократите, според изнесеното од Џонсон, за да се прекине финансиската блокада на американската влада што трае од 1 октомври и која остави илјадници владини службеници без можност да бидат платени за својата работа:

• 200 милијарди долари за бесплатна здравствена заштита за илегалните мигранти;

• да се стави крај на барањето според кое секој кој е способен за работа, за да добива бесплатна здравствена заштита, треба или да е вработен, или активно да бара работа, или да посетува некоја обука за работно оспособување;

• да се скратат 50 милијарди долари од парите наменети за руралните болници;

• враќање на скратените 500 милиони долари за левичарските медиуми или организации кои пропагираат крајно левичарска идеологија;

• испраќање 5 милијарди долари во странство, на странски земји за „отпорност на климатските промени“, „феминистичко организирање“ и „Грантови за ЛГБТ+ демократија“ во земјите од Западен Балкан, во што се вбројува и нашата земја.

Еве што точно кажа Џонсон за тоа кои се барањата на демократите во Конгресот за деблокада на финансирањето на владините служби во САД:

„Тие бараат 1,5 трилиони долари нови трошоци платени од американските даночни обврзници. И сакам да бидеме конкретни. Сакам да забележите што содржи тој нивен предлог бидејќи сè уште не сме навлегле во сите детали за него – бидејќи е голем и многу апсурден.

Но, еве некои од најважните работи од ова: тоа би ги поништило здраво разумните реформи што ги направија републиканците во намалувањето на данокот за работнички семејства, со што нелегалните странци се држат подалеку од здравствената заштита финансирана од даночните обврзници. Ова е факт.

И тие би им ги додале на илегалците, кои не се државјани, бенефициите финансирани од даночните обврзници. Тоа би ги чинело даночните обврзници речиси 200 милијарди долари. Тие, исто така, би го отстраниле многу разумниот и скромен услов за работа што го поставуваме за млади мажи за да добијат здравствена заштита. Како што рековме, тие не треба да добиваат Медикејд кој е наменет за ранливи популации – на пример, стари лица, лица со попреченост и млади бремени жени – а не за млади работоспособни мажи кои играат видео игри. Го ставивме тоа во законот затоа што е здраво разумно. Нивниот контрапредлог би го понишил тоа, што би чинело околу 358 милијарди долари.

Потоа, тие би ги укинале – би ги одзеле 50-те милијарди долари што ги ставивме во законот за поддршка на руралните болници. Тие би го отстраниле тоа и би испратиле половина милијарда долари на либералните новински куќи.

Исто така, бараат да се дадат 5 милијарди долари од средствата на американските даночни обврзници за расипничко трошење на меѓународни проекти. Еве неколку примери за тие проекти. Еве што сакаат да направат:

-Тие сакаат да потрошат 24,6 милиони долари од вашите тешко заработени долари како даночни обврзници за отпорност на климатските промени во Хондурас.

-Тие сакаат да потрошат 13,4 милиони долари за граѓански ангажман во Зимбабве.

-Тие сакаат да испратат 3,9 милиони долари за грантови за ЛГБТ+ демократија во Западен Балкан.

-Тие сакаат да потрошат 2,9 милиони долари од вашите долари за намалување на ризикот од пустински скакулци на Африканскиот Рог и 2 милиони долари за „организирање за феминистички демократски принципи“ во Африка.

Ние не го правиме тоа. Ова се несериозни предлози од несериозни луѓе и тие играат игри додека вистинските Американци се оштетени од блокадата на владата“, изјави спикерот Џонсон.

Како што рековме, владината блокада во САД започна од 1 октомври, откако демократите не се согласија да се продолжи со финансирањето на владата без исполнување на нивните услови. Тоа значи дека владата не може да ги плаќа своите вработени, освен во одредени исклучоци.

Блокадата ја спомена минатата недела и генералната обвинителка Памела Бонди при сослушувањето во Сенатот, кога истакна дека поради тоа, обвинителите не можеле да си ја вршат својата работа и службата практично е блокирана.

Најнови вести од: Свет

Трамп постхумно го одликуваше Чарли Кирк со Претседателскиот медал за слобода

Американскиот претседател Доналд Трамп постхумно му го додели највисокото цивилно признание во САД – Претседателскиот медал за слобода – на десничарскиот активист Чарли Кирк, кој беше убиен пред еден месец

„Калининград би исчезнал веднаш“: Поранешниот командант на НАТО ja предупредува Москва

Поранешниот врховен командант на американските сили во Европа, генерал Бен Хоџис, изјави дека вооружените сили на НАТО би можеле да ги уништат руските трупи и воена инфраструктура за неколку часа доколку Москва се обиде да нападне членка на Алијансата

To top