Свет

Трамп: Ако Хамас не го предаде оружјето, ние ќе ги разоружаме

Тие знаат дека не си играм, додаде американскиот претседател

Доналд Трамп изјави дека Хамас ќе „се разоружа, бидејќи рекоа дека ќе се разоружаат“. „И ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме“, додаде тој.

На прашањето на новинарите како тоа ќе се случи, Трамп рече: „Не морам да ви објаснувам. Но, ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме“.

Тие знаат дека не си играм – рече  американскиот претседател.

„Ќе се случи брзо и може да биде насилно. Но, тие ќе се разоружаат, разбирате што мислам?“, додаде Трамп.

Најнови вести од: Свет

(Фото): Ескалираше протестот на земјоделци од неколку европски земји во Брисел

Некои од собраните земјоделци останаа смирени, додека други влегоа во центарот на градот со трактори. Протестот е организиран против договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и земјите од Меркосур.

To top