Свет

Унгарија ќе биде домаќин на мировните преговори помеѓу САД и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека имал телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, по кој се започнати подготовки за средба меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, со цел прекин на војната во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека имал телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, по кој се започнати подготовки за средба меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, со цел прекин на војната во Украина. Орбан напиша на платформата X дека Унгарија е остров на мирот, а во интервју за Радио Кошут најави разговор со Путин денеска. Тој процени дека мировниот самит во Будимпешта би можел да се одржи во рок од две недели, нагласувајќи дека Унгарија е единствената земја со предвидлива средина за такви преговори.

Трамп вчера изјави дека Унгарија треба да се подготви за состанок на министрите за надворешни работи за една недела, по што претседателите би се сретнале една недела подоцна во Будимпешта. Орбан потврди дека вчера формирал организациски комитет чија работа е започната. Тој додаде дека Европската Унија не преговара со Путин, ниту како помагачи на Трамп, но Европа треба да отвори независен дипломатски канал кон Русија.

https://x.com/PM_ViktorOrban/status/1978902075930009888

За време на синоќниот телефонски разговор, Трамп и Путин се согласија за состанок на високо ниво на делегациите, по што би следела нивната средба во Будимпешта за да се заврши војната меѓу Русија и Украина. Трамп на Truth Social напиша дека тој и Путин разговарале за трговија меѓу САД и Русија по војната, а Путин го пофалил мирот на Блискиот Исток како достигнување кое ќе помогне во преговорите за Украина.

Најнови вести од: Свет

(Фото): Тешка несреќа во Унгарија, автобус излета од патот, 12 мртви

Спасувачките екипи веднаш излегле на местото на настанот и ги пронашле патниците низ прозорците на автобусот. Некои од патниците биле заробени под возилото, поради што спасувачката операција траела во текот на целото утро.

(Видео): Пожарникарите објавија шокантни снимки од центарот на пожарот во Омиш

Нови жаришта на хрватското приморје додека повредени се борат за живот по пожарот кај Омиш. Пожарот изгоре околу 900 хектари, едно лице загина, а седум се борат за живот. Бројни згради беа оштетени и уништени, а десетици луѓе беа повредени.

To top