Македонија Бизнис

Колку јадеме безбедна храната?!

Над 12.000 инспекциски контроли се направени од почетокот на годината, при што се уништени околу 56 тони небезбедна храна во Македонија. Притоа се изречени 1.325 парични казни и времени забрани за работа, а поднесени се и прекршочни пријави. Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Оливер Миланов вели дека дополнителни контроли се вршат за секоја […]

Над 12.000 инспекциски контроли се направени од почетокот на годината, при што се уништени околу 56 тони небезбедна храна во Македонија. Притоа се изречени 1.325 парични казни и времени забрани за работа, а поднесени се и прекршочни пријави. Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Оливер Миланов вели дека дополнителни контроли се вршат за секоја пратка која се увезува во земјата.

Се вршат дополнителни контроли на секоја пратка која се увезува во земјата, а се контролираат и домашните маркети и пазари. Генерално, македонските граѓани јадат безбедна храна, но покрај институциите и тие треба да алармираат за недоследности поврзани со безбедноста на храната, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Оттаму информираат дека најчесто наводите поврзани со безбедноста на храната се однесуваат на продажба на производи со поминат рок, работа без одобрение, присуство на контаминенти во производ, сомневање за труење со храна и продажба на производи со променети органолептички својства, како и сомневање во квалитетот на производот.

  • Одговорност за безбедноста на храната имаат сите – од државата која ги креира политиките, создава услови и спроведува контроли до граѓаните како крајни потрошувачи. Не е важно само дали и што ќе јадеме, туку и колку храната на нашите трпези е безбедна“, вели директорот на АХВ.

Со оглед на високите температури, остануваат и препораките што и како да консумираме за да се спречи појава на труење со храна. Од АХВ најавија засилени контроли поради летниот период, особено во туристичките места.

Од лани во јуни досега, АХВ одзела и уништила околу 300 тони небезбедна храна, а само годинава дури 56 тони. Извршени се и 12 илјади инспекции само во внатрешниот промет, а за утврдените недоследности се изречени 1.325 мерки, од кои 260 парични казни и времени забрани за вршење дејност, а поднесени се и прекршочни пријави, информираше директорот на АХВ.

Од почетокот на годинава досега преку Одделението за заштита на потрошувачите се поднесени повеќе од 360 иницијативи за вршење на инспекциски надзор.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

(Видео): Изгасивме еден куп пожари кај Јажинце, вели Ангелов

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој цела ноќ бил на терен заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, изјави дека лично со својот возач и седум жители на Рогачево учествувал во гаснењето на левата огнена линија.

Меџити: ДУИ од една страна ги критикува Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, а од друга страна сака преку нив да се врати на власт!

Меџити ја обвинува ДУИ дека се обидува постојано да злоупотреби разни прашања, како што се прашањето за законот за јазици, прашањето за балансерот и други, со цел да создаде впечаток во јавноста, како што вели, дека „албанското прашање е деградирано“.

Зошто ниту еден универзитет од Македонија го нема Шангајската листа?!

Сега, по моја проценка, на универзитетите се запишуваат значителен број деца кои немаат предиспозиции за студирање. Редовни професори во поодминати години предаваат по три и повеќе предмети на додипломските студии, пишува Трајко Славески.

Мицевски: ДУИ не сакаат независни кандидати на локалните избори, им пречи и прагот од 0,5 отсто за потребни потписи

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Мицевски на општествената мрежа го прецизира уште еднаш ставот на ВМРО ДПМНЕ дека единствено е важно учеството на сите заинтересирани граѓани под еднакви услови и да се надминат правните толкувања и правните недоречености на овој план

Не поминаа измените на Изборниот законик

Собранието не го донесе законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Предлог измените и дополнувањата добија поддршка од мнозинството пратеници, односно од 67, но бидејќи  станува збор за закон кој се однесува на локалните избори, потребно беше да се гласа и по Бадентер. За предложените измени и дополнувања 18 од пратениците од помалите етнички […]

Зајкова: Жичарницата на Водно работела без дозвола додека превезувала деца и туристи, кој ќе одговара за пропустот?

Жичарницата на Водно со месеци работела, додека била опасна за патниците. Синдикатот на ЈСП јасно предупреди дека жичарницата работела без дозвола и не смеела да превезува луѓе, пишува во објава на социјалните мрежи претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова. Колку скопјани (возрасни, деца), колку туристи биле изложени на ризик […]

To top