Македонија

МВР влегува во Град Скопје и „Комунална хигиена“ поради алармантната состојба со отпадот

Владата ги задолжи интитуциите да постапат

Владата на денешната седница донесе одлука со која го задолжи Министерството за внатрешни работи (МВР), во координација со повеќе инспекциски и здравствени институции, веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, поради сериозните проблеми со собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад.

Според владините заклучоци, Државниот комунален инспекторат (ДКИ), Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се задолжени, во соработка со МВР, веднаш да почнат координиран надзор на целата територија на главниот град. Целта е да се утврди реалната состојба со отпадот и да се преземат итни мерки за заштита на јавното здравје и животната средина.

Паралелно, МВР е задолжено — во соработка со градските и државните инспекции — да ги испита постапките на Град Скопје и на ЈП „Комунална хигиена“, како и улогата на градоначалникот Данела Арсовска во ситуацијата со несобирање на отпадот. Според МВР, несобраниот отпад претставува директна опасност по здравјето на граѓаните.

„Состојбата е алармантна и, иако надлежноста е на Град Скопје, поради континуираното непостапување ги повикуваме институциите веднаш да дејствуваат по заклучоците на Владата“, наведуваат од Министерството за внатрешни работи.

Со оваа одлука, Владата практично воведува државен надзор над градската хигиена, откако со денови улиците на Скопје се преплавени со отпад, а јавното претпријатие и градските власти меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за кризата.

Најнови вести од: Македонија

План, дами и господа, план што ќе се оствари – ете толку е едноставно

Мора да заборавиме на политиката „Купи ден, продај“. Држава не може да функционира како тезга на пазарче. Краткорочните одлуки безусловно мора да бидат заменети со долгорочен план и систем за управување

Еуроњуз: Албанка од Македонија пронајдена мртва во Италија

За разлика од македонските медиуми кои кога пишуваат за вакви случаи велат дека жртвата или напаѓачите од Македонија или македонски државјани во извештајот на Еуроњуз се наведува дека се работи за Албанци од Македонија

Ова момче ја бара првата љубов на татко му од Скопје – имам само име и една разгледница, помогнете ми да ја пронајдам! (ФОТО)

Мостовите понекогаш се само точки на мапата. Но има мостови што засекогаш остануваат впишани во нечие срце. Токму таков е стариот скопски мост (како што вели човекот, а веројатно се мисли на Камениот мост) за еден човек од Србија – место на последниот поздрав, последниот поглед и крајот на едно лето што никогаш не било заборавено.

To top