Македонија

Ѓорѓиевски: Во градот Скопје имаме стабилно советничко мнозинство

Кандидатот за градоаначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски кој оди во вториот круг денеска се сретна со советничкото мнозинство во Советот на Градот предводено од носителот Даме Димитровски

Кандидатот за градоаначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски кој оди во вториот круг денеска се сретна со советничкото мнозинство во Советот на Градот предводено од носителот Даме Димитровски

-Во градот Скопје имаме сериозно стабилно советничко мнозинство. Одржавме конструктивна, координативна средба.  Најнапред, сакам искрено да им се заблагодарам на сите граѓани за големата поддршка што ја дадоа за мене и за советничката листа за Град Скопје. Вашата доверба е поттик и обврска да работиме уште посилно и поодговорно.На средбата разговаравме за првите наши чекори по преземањето на функцијата градоначалник, како и за најгорливите прашања што ќе бидат наш сериозен фокус до крајот на годината. Првиот ребаланс на буџетот ќе биде насочен кон враќање на функционалноста на градот, кон капитални инвестиции, подобра инфраструктура, чиста животна средина и поддршка на јавните претпријатија кои се во сериозен колапс, вели Ѓорѓиевски.

Истакнува дека на Скопје и на неговите граѓани им е потребна стабилност и систематско решение на наталожените проблеми, а не експерименти, туку план, одговорност и работа.

Советот ќе биде двигател на тие промени, насочен кон интересот на граѓаните.

– Ние сме силен синџир и секоја алка е важна, секоја алка активна во мисијата за подобро Скопје. Вратата за соработка со сите советници останува отворена, затоа што веруваме дека вистинскиот напредок се постигнува само со обединета енергија и искрена посветеност. Мнозинството ќе биде водено од принципи, работа и одговорност. Секој советник ќе има свое место и улога во напредокот на градот. Верувам дека во наредните четири години, со заеднички ангажман, визија и труд, ќе го направиме Скопје повторно достоинствен град на кој сите ќе се гордееме. Со среќа на сите советници! Ова се сериозни, посветени и докажани луѓе во својата професија и верувам во искрена и плодна соработка која ќе донесе резултати за сите скопјани. Ве повикувам за уште поголема поддршка за вториот круг, да се фатиме за работа уште од првиот ден и Скопје да почне конечно да функционира.

Најнови вести од: Македонија

Со остранувањето на билбордите, почна реконструкција на застарената Железничка станица во Скопје

Според директорот Железница Инфраструктура проектот за средување на железничката станица во Скопје ќе се одвива во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација.

Конески, генијот-посветеник на Македонската идеја, и неговиот аманет Македонците да си го вардат јазикот, својата „единствена неподелена татковина“

Блаже Конески, генијот на македонската поезија и проза, академик, книжевен историчар, филолог и јазичар, творец на „Македонската граматика“, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје, е еден од кодификаторите на современиот македонски книжевен јазик. Денес се навршуваат 93 години од неговата смрт и ова е пригода за ново навраќање кон кон непресушните врутоци на неговите јазични, поетски и национални посланија и завештанија до денешново и сите наредни македонски поколенија, дека јазикот е она, што не прави како македонски народ, различен од сите други народи во Балканот, Европа и светот. Во последната, претсмртна статија „Една ситуација и едно лично становиште“ Конески ќе истакне: „Денешниот однос на бугарските раководители спрема нашиот јазик има свои длабоки корења во теоријата на великобугаризмот. Можеше ли оформувањето на нашиот јазик да биде појава случајна, дури измислена? Се разбира дека не можеше. Но, македонскиот јазик, и покрај сите викотници против него од каде и да идат тие, постои, се развива и станува јазик на сѐ побогата литература, и станува јазик, на кој што културните придобивки на човештвото му се присвојуваат на еден досега потиснат народ во мракот на ропството. Добро кажува арапската пословица: ‘Пците лаат, карванот си мине!“

„Стратегијата Македонија 2030“ е визија за модерна, стабилна и европска Македонија

Стратегија усвоена на Конгресот на партијата во Кавадарци „Ново поглавје – Македонија 2030“ значи визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, со јасно дефиниран политички и развоен правец за следната деценија, изјави Антонијо Милошоски пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

(Видео): Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Ќе се градат железници, автопати, ќе се градат здравствени и енергетски инфраструктурни проекти, но, за жал на опозицијата која се обидува да спинува, нема да се градат какви било бегалски кампови, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

План, дами и господа, план што ќе се оствари – ете толку е едноставно

Мора да заборавиме на политиката „Купи ден, продај“. Држава не може да функционира како тезга на пазарче. Краткорочните одлуки безусловно мора да бидат заменети со долгорочен план и систем за управување

Еуроњуз: Албанка од Македонија пронајдена мртва во Италија

За разлика од македонските медиуми кои кога пишуваат за вакви случаи велат дека жртвата или напаѓачите од Македонија или македонски државјани во извештајот на Еуроњуз се наведува дека се работи за Албанци од Македонија

To top