Македонија

2 милиони евра со лихварство и перење пари: Полицијата растури 12-члена банда, обвинителството отвори истрага

За три и пол години

Полицијата уапси криминална група од 12 лихвари и изврши претреси на повеќе локации, а Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага.

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, единиците на МВР денеска, по обезбедени наредби од Основниот кривичен суд, извршија претреси на повеќе локации низ Скопје, поради основано сомневање за сторени кривични дела Лихварство и Перење пари и други приноси од казниво дело. Обвинителот, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 12 осомничени лица. Постои основано сомневање дека деветмина од нив како соизвршители или помагачи ги сториле двете кривични дела, додека тројца се осомничени за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело“, соопшти Јавното обвинителство.

Деветмината осомничени од почетокот на 2022 година до денес се организирале во криминална група што се занимавала со давање на пари со договор, притоа договарајќи несразмерна имотна корист во пари, средства или недвижен имот, се вели во соопштението.

„Тие искористувајќи ја финансиската состојба на оштетените лица им позајмувале пари со пресметување на камата од 5% или 15% месечно зголемена за секое задоцнување. Од оштетените барале да им ги вратат позајмените парични средства со пресметана камата или месечно да го исплаќаат износот по основ на камата. Кога оштетените не биле во можност да ја вратат позајмицата, осомничените барале да го предадат или оптоварат имотот со кој располагале, пренесувајќи го на име на некој од осомничените. Наплатата на паричните средства се вршела директно преку некој од осомничените или преку трансакционите сметки во банка, од сметка на оштетен на сметка на некој од осомничените лица“, соопшти Обвинителството.

Паричните средства што во несразмерен износ ги враќале оштетените, се внесувале на сметките на осомничените во банка или во сеф, по што ваквата несразмерна имотна корист на различни начини ја внесувале во легалните финансиски текови, додава ЈО.

„Така, постои основано сомневање дека во истиот период, дванаесетмината осомничени и едно осомничено правно лице, како организирана криминална група за перење на пари, се стекнале со противправна имотна корист од 125.033.527 денари (2 милиони евра) прибавена со кривичното дело Лихварство. Дел од прибавените пари кои осомничените во повеќе наврати од повеќе физички лица ги примиле на своите сметки или им биле дадени на рака, со цел да се добие привид дека средствата се легално стекнати ги пуштале и ги користеле за реализирање на трансакции кон сметки на правни и физички лица. Дел ги презеле на сопствени сметки и со нив вршеле плаќање на своите животни потреби, со дел купувале недвижен и движен имот и воделе луксузен живот, а голем дел биле извадени во готовина“, соопшти Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Кривичниот суд утре ќе достави соодветни предлози за обезбедување присуство на осомничените.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Дали во Македонија ќе се отворат бегалски кампови?!

Лондон и Скопје преговараат за прифаќање мигранти од Велика Британија. Англиските медиуми повторно ја отворија темата дека Македонија започнала формални преговори за прифаќање на бегалци чији барања за азил во Британија биле одбиени. „Тајмс“ наведува дека земјава ќе добива финансиска поддршка за секој лице што би го прифатила, заедно со дополнителни инвестиции и програми за зајакнување на безбедносниот сектор.

Премиерот на Хрватска, лидери од Италија, Шведска, Словенија, Германија и ЕНП со силни пораки за ВМРО-ДПМНЕ

Според партиски извори, ова е најсилниот меѓународен „ветер во грб“ што ВМРО-ДПМНЕ го добила на партиски конгрес во последната деценија, сигнал дека Македонија повторно се позиционира како земја со предвидлив политички курс и европска ориентација.

Судската администрација можно е да излезе на улица од вторник, капак на се – последната одлука

Проблемите како да не стивнуваат во овој сектор. Дополнително судската администрација се соочува и со недостиг на кадар. Деаноски додаде и дека со години наназад имаат неуспешни огласи за вработување пред се заради почетната плата на вработените која е 25.000 денари. Деаноски е револтиран поради тоа што според него ниту една влада досега не успеала да ги слушне проблемите на вработените во овој сектор.

To top