Македонија Бизнис

Расте бројот на туристи во Македонија – кои странски гости се најбројни?!

Позитивна вест за домашниот туризам во Македонија. Земјава се бори за погоеми приходи од туризмот, и повеќе туристи во земјава. За таа цел по Нова Година веќе се договараат нови авио линии а интензивно се работи на патната инфраструктура и обезбедување други услови кои може дражава да ги обезбеди за прифат на туристите. Се друго, […]

Позитивна вест за домашниот туризам во Македонија. Земјава се бори за погоеми приходи од туризмот, и повеќе туристи во земјава. За таа цел по Нова Година веќе се договараат нови авио линии а интензивно се работи на патната инфраструктура и обезбедување други услови кои може дражава да ги обезбеди за прифат на туристите. Се друго, како дел од понудата за туристите, останува на фирмите и субјектите кои даваат непосредни услуги на гостите. Според резултатите за посета на Македонија со туристички цели Турците и Германците во април биле најчести гости во земјава.

Држави од каде дошле најмногу туристи во април годинава во Македонија се: Турција со 21.124 , потоа Германија со 11.097, Србија со 4.905 и Франција од каде што дошле 4.881 туристи.

Бројот на туристите во април 2025 година изнесува 96.943, од кои 21,4 отсто се домашни туристи, а 78,6 отсто се странски туристи, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во април 2025 година изнесува 171.886, од кои 26,5 отсто се од домашните туристи, а 73,5 отсто од странските туристи.

Во периодот јануари – април 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 13,4 отсто, односно кај домашните туристи има намалување за 4,2 отсто, а кај странските има зголемување за 21,6 отсто.

Долго време Турците се најбројни туристи, како и Србите.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Штип ги награди најдобрите ученици во општината

Општина Штип денеска на свечен начин ги промовираше првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Штип. По четврти пат се доделуваат прзинанија и парични награди за најдобрите ученици во една генерација. Градоначалникот на општина Штип,Иван Јорданов истакна дека со оваа манифестација се вреднуваат нивните постигнувања на државни и меѓународни натпреварувања

Д-р Рендевски: Органодарителството е висок морален и хуман чин

Проф. д-р Владимир Рендевски, неврохирург на Универзитетската клиника за неврохирургија, во видеообраќање, во рамките на националната кампања „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, упати апел до семејствата на потенцијалните донори да дадат согласност за органодарителство нагласувајќи дека станува збор за висок морален и хуман чин, кој спасува животи

To top