Свет

Трамп се налути: Ги подига царините за Канада (ВИДЕО)

Канада беше фатена на дело како емитува лажна реклама со монтиран говор на починатиот екс-претседател Роналд Реган за царините

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе ги зголеми царините за канадските стоки како одговор на антитарифната телевизиска реклама емитувана од покраината Онтарио во која се појавува поранешниот претседател Роналд Реган.

„Канада беше фатена на дело како емитува лажна реклама со говорот на Роналд Реган за царините…

Фондацијата Роналд Реган објави дека „креирале рекламна кампања користејќи одбрани аудио и видео клипови од претседателот Роналд Реган“.

Поради нивното грубо лажно претставување на фактите и непријателските дејствија, ЈАС ГИ ЗГОЛЕМУВАМ ЦАРИФИТЕ ЗА КАНАДА ЗА 10% во однос на она што моментално го плаќаат.

Ви благодарам за вниманието!“, напиша Трамп на Твитер.

Објавата доаѓа само два дена откако Трамп објави дека ги прекинува трговските разговори со Канада, дополнително затегнувајќи ги односите со вториот најголем трговски партнер на САД.

Фондацијата Роналд Реган издаде соопштение во кое се вели дека рекламата „погрешно го претставува“ говорот на поранешниот претседател за трговските царини. Тие исто така забележаа дека владата на Онтарио не побарала дозвола за користење на спорниот клип.

Соединетите Американски Држави веќе воведоа општа царина од 35% за сите канадски стоки, иако повеќето се ослободени според постојниот договор за слободна трговија. Исто така, се во сила специфични секторски царини, вклучувајќи 50% за метали и 25% за автомобили.

Соопштението на Трамп предлага додавање на 10 процентни поени на тие даноци. Три четвртини од канадскиот извоз оди во Соединетите Американски Држави, а Онтарио е центар на канадската автомобилска индустрија, што ја зголемува важноста на спорот.

Најнови вести од: Свет

Трамп им ги одзема сертификатите на сите авиони произведени во Канада и се закани со нови царини

Доналд Трамп денеска објави дека ги десертифицира сите авиони произведени во Канада и се закани со царина од 50% на увозот на тие авиони во САД, сè додека американските бизнис-авиони „Галфстрим“ (Gulfstream) не добијат сертификат за летање во Канада.

Никој не ја поседува нашата земја, велат староседелците на Гренланд

Речиси 90 проценти од населението на Гренланд, кое брои 57.000 жители, се домородни Инуити, кои се сметаат за чувари на Островот околу 1.000 години : Тие можат да поседуваат куќи, но не и земјиштето под нив

„Лукоил“ ги продава странските средства на американската „Карлајл“ за околу 22 милијарди долари

Компаниите што соработуваат со овие руски гиганти се соочуваа со секундарни санкции, што би ги исклучило од американските банки, трговци, превозници и осигурители – клучни елементи на глобалниот нафтен пазар. Поради тоа, „Лукоил“ беше принуден да ги продава своите странски активи.

To top