Македонија Бизнис

Македонската економија се движи во добра насока – мониторинг на владините ветувања

Влезот на новите странски инвестиции, најавата за низа вработувања, како и изградбата на автопатите, влеваат оптимизам дека македонската економија се движи во добра насока, велат економистите. Единствен ризик, според Институт за економски истражувања е инфлацијата, која знае во одредени делови да направи потешкотии. Во однос на социо економските мерки, според Благица Петрески, во првата година […]

Влезот на новите странски инвестиции, најавата за низа вработувања, како и изградбата на автопатите, влеваат оптимизам дека македонската економија се движи во добра насока, велат економистите. Единствен ризик, според Институт за економски истражувања е инфлацијата, која знае во одредени делови да направи потешкотии.

Во однос на социо економските мерки, според Благица Петрески, во првата година има добар напредок кај макроекономските мерки, како што е БДП, а во добра насока на реализација се и странските директни инвестици, отворањето на нови работни места, но во оваа насока вели постојат и одредени ризици. Фокус треба да се стави и на инфлацијата.

  • „Во следниот период Владата особено треба да води сметка на какви ќе бидат инфлаторните притисоци, на пример во споритвна насока е делот на ветувањата за платите во јавната администрација кои може да претстауваат ризик и да влијаат на една од мерките стапката на инфлација. Во главно добро оди реализацијата на макроеконскоките мерки, меѓутоа постојат ризици“, вели Благица Петрески од Фајненс Тинк.

Што се однесува до владините ветувања во првата година од мандатот во образованието, социоекономскиот развој, здравството, родовата еднаквост и младитете, анализата покажува дека голем дел од мерките се остварени, но мора да се зајакне кадровскиот дел.

Јавниот долг засега останува во рамки на проектираното, но Петрески вели мора да се види како ќе се заврши годината, бидјеќи влијание може да има и договорот со Британија за инвестицискиот циклус од 6 милијарди евра. Според неа фискалната консолидација останува еден од предизвиците во следниот период.

Со најавениот заем од Обединетото кралство, како и со Унгарскиот кредит, дополнително ќе заживее градежниот сектор. Ќе се подигне квалитетот на компаниите во Македонија и ќе донесат нови знаења и искуства во земјава. Од Владата рекоа дека Македонија од последна во минатото, сега е прва во Европа по странски инвестиции со 1 милијарда и 255 милиони евра, што е најдобар резултат од независноста до сега. Оптимизам влева и најавата за растот на БДП од 3,2% до над 4% до крајот на годинава.

Најчитани вести

Нема вести со доволно читања во последните 7 дена.

To top