Свет

САД го честитаа Денот на Русија првпат од почетокот на војната во Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио му го честиташе на рускиот народ Националниот ден на Русија – 12 јуни и ја изрази својата желба за „конструктивен ангажман“ за донесување мир во Украина. „Во име на американскиот народ, би сакал да му го честитам на рускиот народ Денот на Русија“, рече Рубио во соопштение објавено на вебстраницата […]

Американскиот државен секретар Марко Рубио му го честиташе на рускиот народ Националниот ден на Русија – 12 јуни и ја изрази својата желба за „конструктивен ангажман“ за донесување мир во Украина.

„Во име на американскиот народ, би сакал да му го честитам на рускиот народ Денот на Русија“, рече Рубио во соопштение објавено на вебстраницата на Стејт департментот. „Соединетите Американски Држави остануваат посветени на поддршката на рускиот народ додека тие продолжуваат да ги градат своите аспирации за посветла иднина“.

Ова е првпат по војната САД да испратат честитка за Денот на Русија.

На 12 јуни 1990 година беше одржан првиот конгрес на народните пратеници, на кој беше донесена одлуката за сувереност на Русија.

Од 1994 година, со декрет на тогашниот претседател Борис Елцин, 12 јуни стана државен празник како ден на државниот суверенитет на Русија.

Најнови вести од: Свет

Хаотичниот систем за влез / излез во Европа може да потрае и до две години и да ги измачува патниците!

Два месеци по лансирањето на новите биометриски гранични проверки во Европа, долгите редици и недоследните процедури продолжуваат да ги фрустрираат патниците. Функционер на Фронтекс предупредува дека проблематичниот систем за влез/излез може да потрае до две години за целосно да се стабилизира, перспектива што туристичката индустрија ја нарече „многу болна“, објави „Еуроњуз“.Фронтекс, агенцијата која помага во управувањето со надворешните граници на ЕУ, призна дека собирањето биометриски податоци е едно од главните проблеми што предизвикуваат проблеми во почетната фаза на шемата.

To top