Спорт

Димитриевски несовладан во првиот настап за Валенсија по 8,5 месеци

Голманот на македонската репрезентација ја сочува мрежата во победата од 5:0 над Марасена во Купот на Шпанија

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, чекаше 8,5 месеци за да застане на голот на Валенсија и ја сочува својата мрежа во победата од 5:0 на гостувањето кај нисколигашот Марасена на стартот од шпанскиот Куп на кралот.

Претходниот клупски настап на Димитриевски беше исто така во Купот, кога во февруари бранеше против Барселона.

Македонскиот чувар на мрежата требаше сезонава конечно да добие шанса од „лилјаците“ со заминувањето на Грузиецот Гиорги Мамардашвили во Ливерпул, но некогашниот првак на Шпанија го доведе Хулен Агирезабала како зајмен играч од Атлетико Билбао и тој засега има предност пред Димитриевски.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top