Спорт

Ерера најдобар против Купс, автогол на Гаштаров против Копенхаген

Колумбиецот со македонски пасош МВП во победата на Борац Бања Лука од 2:0, Елмас и Аталанта поразени кај Ајакс со 2:0

Македонскиот фудбалски репрезентативец Себастијан Ерера беше играч на натпереварот во Бања Лука, кадешто Борац славеше со 2:0 против вардаровиот „џелат“ Купс од Финска во второто коло од Конференциската лига на УЕФА.

Колумбискиот лев бек со македонски пасош, кој има пет настапи за Македонија, доби оценка 8,5 во првата победа на претставникот на Босна и Херцеговина во ова натпреварување.

Матеј Гаштаров постигна автогол во ремито 2:2 на Црвена звезда против Копенхаген во Белград, а Елиф Елмас беше стартер и одигра 80 минути во поразот на Аталанта од 2:0 против Ајакс во Амстердам.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top