Македонија Бизнис

Димитриоска-Кочоска: Владата за 0 евра ја задолжила државата

Во овој момент за нула евра сме ја задолжиле државата. Фискалниот совет за јавниот долг направил пресметки врз основа на она што го имал како информации од медиумите, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска-Кочоска. Како што истакна, одговaрајќи на новинарски прашања, дополнителен јавен долг создава проектот со „Бехтел и Енка“ на чие завршување Владата […]

Во овој момент за нула евра сме ја задолжиле државата. Фискалниот совет за јавниот долг направил пресметки врз основа на она што го имал како информации од медиумите, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска-Кочоска. Како што истакна, одговaрајќи на новинарски прашања, дополнителен јавен долг создава проектот со „Бехтел и Енка“ на чие завршување Владата е сега фокусирана.

Димитриоска Кочоска е децидна дека долгот се регистрира во моментот кога се повлекува кредитот. Како што ќе се плаќа и како што ќе одат реализацијата и имплементацијата, така ќе има зголемување на јавниот долг, но во исто време, не значи дека ќе има зголемување зашто паралелно се вршат редовни годишни отплати, а со тоа се намалува и долгот.

Според министерката, опозицијата ѝ прави штета на земјата со коментарите што ги дава за јавниот долг кои се „нереални и невистини факти и манипулации“. Таа апелира да не се шпекулира зашто, како што рече, состојбата е под контрола и во однос на јавниот долг и во однос на буџетот.

– Фискалниот совет направил пресметки врз основа на она што го имал како информации од медиумите. Ние сме направиле пресметки врз основа на она што го имаме како податоци од Информацијата на Влада и од тоа што го комуницира постојано премиерот. И ние мора да се држиме до тоа што го кажува премиерот и што го гласала Владата. Прво треба да помине одреден период додека завршат сите процедури, па ќе се склучи договор, па ќе почне реализација. Сето тоа не оди преку ноќ. Ние имаме друг проект што треба да го завршиме, тоа е проектот со „Бехтел и Енка“. Сега во моментов сме фокусирани во тој дел и можам да кажам дека тоа ни создава дополнителен јавен долг кој ние не им го вклакулиравме пред неколку години кога рековме дека нѐ задолжија. Не рековме дека долгот ни се зголеми за 1,3 милијарди, како што и сега не можеме да зборуваме дека се задолжуваме за две или за пет милијарди. Долгот го регистрираме во моментот кога повлекуваме од кредитот. Како ќе плаќаме и како ќе одат реализацијата и имплементацијата, така ќе има зголемување на јавниот долг, но во исто време, не значи дека ќе имаме зголемување зашто од друга страна, имаме редовни годишни отплати и намалување на долгот – истакна министерката по презентацијата на Договорот за финансирање на заедничките активности што ја организираа Министерството за финансии (МФ) и Канцеларијата на ООН во Скопје.

Таа потсети дека во 2016 година јавниот долг бил меѓу 23 и 26 проценти од БДП.

– Вкупно 47,7 отсто мислам дека беше јавниот долг кога се смени Владата во 2017 година, а кога се смени Владата во 2024 година јавниот долг веќе беше над 60 проценти. Треба да сфатат сите дека немаме простор за комоција, напротив. Јас сум единственот министер што успеа и се труди да го намалува или да го држи контролирано јавниот долг и со вакви коментари што ги дава опозицијата, не ја олеснуваат работата зашто бројките го потврдуваат тоа што го работиме – подвлече Димитриоска Кочоска.

Според неа, треба прецизно да се зборува кога е во прашање Договорот за соработка со Обединетото Кралство.

– Прво, не го земаме кредитот од Велика Британија. Навистина многу се изместија работите во начинот на кој се комуницира. Ние склучивме Договор за соработка со Велика Британија каде британската Експорт банка е таа што ќе даде гаранција дека ако не го враќаме кредитот, тие ќе го вратат во наше име, што во суштина значи, нашиот кредитен рејтинг на некој начин го подобруваат за да добиеме пониски каматни стапки. Суштината и конекцијата меѓу нас и британската банка е во тој дел. Од каде ќе добиеме понуда ќе видиме, тоа допрва следи. Јавниот долг ќе биде толкав колку што ќе се троши секоја година и колку што ќе повлекуваме за реализација на проектот. Се трудам да не реагирам на сите коментари посебно од опозицијата, но не ми е јасно како може некој да излезе и да каже дека сега сме ја задолжиле државата за пет милијарди евра. Во овој момент за нула сме ја задолжиле државата, сега почнуваме, па ќе видиме какви ќе бидат понудите. Кога ќе бидат понудите, треба да има постапка, треба да се склучи договор. Ние сега го обезбедуваме само финансирањето. Таква е процедурата кога се почнува некој проект во државата. Сите проекти се такви – објасни министерката.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Меџити: Денешниот Конгрес на ДУИ беше фарса и „Куклен театар“, без да се одреди кој треба да одговара за поразот на изборите!

„Денес видовме рециклирање стари имиња, кои Конгресниот театар на ДУИ се обиде да ги претстави со ново пакување, нарекувајќи го реформа процесот на центрифугирање. Но, испрана облека не е нова облека!“ – реагираше градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити во објавата на својот фејсбук-профил.

СПМ: Дрските предлози на ДУИ и Ахмети од позиции на великоалбанскиот шовинизам се насочени кон уривање на уставниот поредок и слабеење на државата!

„Социјалистичката партија на Македонија ѝ укажува на јавноста дека наместо унитарна ДУИ предлага нестабилна држава, во која малцинството ќе го подреди мнозинството и ќе предлага одлуки, што ќе ја блокираат државата, а се и против интересите за нејзин развој. Социјалистичката партија на Македонија се залага за правна и демократска држава на сите граѓани, согласно со Уставот и законите, што е веќе уредено и признато во меѓународни рамки. Секое барање надвор од тоа е против интересите на граѓаните, државата и на македонскиот народ, но и против системот. Тоа е надвор од законот и претставува и повод за институционална реакција!“ – наведува Социјалистичката партија на Македонија во својата жестока реакција кон предлозите и барањата на ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, изнесени на нивниот денешен конгрес, одржан во Скопје.

Важно: Аеродромот во Скопје е отворен, но поради ниска видливост – откажани и пренасочени летови

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот Аеродром Скопје има пет откажани, два пренасочени и шест летови со доцнење. Од 12 часот временските услови се подобрени, така што три лета пристигнаа, еден полета, а три лета се спремни да полетаат, информираат од ТАВ Македонија.

Алсат: Наместо со темелни промени во ДУИ, Конгресот заврши со рокади во раководството, на истите имиња, од еден орган во друг!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешниот конгрес изнел барање „да се поддржи предлог-законот на ДУИ за проверка (ветинг) со меѓународен надѕор како гаранција за бескомпромисна правда“ и во овие рамки да се спроведела „длабинска истага за сите носители на јавни функции во последните 34 години, за министри, заменици, градоначалници, директори, судии, обвинители и полиција“! Но, да се спроведе и „истрага за активностите на органите на државната безбедност и нивните функционери од 1945 година до денес на ОЗНА, УДБ, СДБ, ДБК, УБК, АНБ“! Дали можеби челникот на ДУИ сака да им се принесат на тацна и сите досиеја и сета архива на тајната полиција и безбедносните служби на Македонија од 1945 година до денес – нешто што го бара и Бугарија во рамки на “добрососедскиот договор“?! Со која цел ДУИ, произлезена од некогашната УЧК од 2001 година, и нејзиниот лидер Ахмети, како поранешен „врховен командант на УЧК“, сега бараат „длабински истражен увид“ во сѐ она, што го работеле безбедносните органи на македонската држава во изминативе 80 години?! Постои ли случајност, или некакво „симптоматично совпаѓање“ меѓу барањето на ДУИ и Ахмети и барањето на официјална Софија, која, исто така, како и ДУИ и Ахмети, пројавува „специјален интерес“ за сознанијата и активностите на безбедносните служби на Македонија по Втората светска војна сѐ до денес?!

Екс-директорот на Лотарија Бајрами заедно со Груби украле милиони евра државни пари

Во извештај на ДЗР, утврдено е дека се исплаќале аванси за ‘мали добивки’ на деловни соработници вредни 14 милиони денари, од кои, за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна. Исто така ДЗР утврдил и спорна документација за 36 милиони денари готовински одливи и 7 милиони денари приливи. И за ова, во извештајот се вели дека има изјави дека за тие износи не се примени ниту вратени аванси.

Најнови вести

To top