Македонија Бизнис

Се кројат нови мерки за ублажување на цените на храната?!

Храната пак, полека, но сигурно поскапува. Надлежните смируваат дека нема да има ценовни осцилации. Па така, се крчкаат нови мерки за сузбивање на инфлацијата. Ова пред два дена го најави премиерот Христијан Мицкоски, а од Министерство за економија потврдија дека од наредниот месец ќе се преземат мерки за спречување на растот на цените на основните […]

Храната пак, полека, но сигурно поскапува. Надлежните смируваат дека нема да има ценовни осцилации. Па така, се крчкаат нови мерки за сузбивање на инфлацијата. Ова пред два дена го најави премиерот Христијан Мицкоски, а од Министерство за економија потврдија дека од наредниот месец ќе се преземат мерки за спречување на растот на цените на основните прехранбени производи. Оттаму велат дека се чека извештајот од Државниот пазарен инспекторат за да се види колкаво зголемување има на цените на храната.

Надлежните стравуваат дека воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика значителен раст на цените на нафтата на светските берзи, што ќе влијае на поскапување на цените на храната. Ова го потврди и академската фела, за која како што велат, ако продолжи воениот конфликт меѓу Иран и Израел, ќе проработат инфлациските тенденции.

Од Министерство за економија велат дека сè уште се прават анализи за да се види кои мерки да се приманат и колку долго да траат. За да прецираат мерките, како што велат, треба прво да се види извештајот од ДПИ.

Во однос на воените тензии на Блискиот исток, кои најверојатно ќе се рефлектираат и на берзата на енергенси, од Владата велат дека ја следат ситуацијата на светско ниво и ќе реагира доколку има потреба.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

To top