Спорт

Лос Анџелес лејкерс продаден за 10 милијарди долари и стана најскапиот клуб во историјата

Милијардерот Марк Волтер ќе стане сопственик на кошаркарскиот клуб Лос Анџелес Лејкерс откако постигна договор со семејството Бас, кое ја поседува франшизата од 1979 година. Тогаш Бас го купи легендарниот НБА-клуб за 68 милиони долари, а сега, според „Њујорк тајмс“, договорот ќе биде вреден 10 милијарди долари, што ќе ги направи Лејкерси најскапиот спортски клуб […]

Милијардерот Марк Волтер ќе стане сопственик на кошаркарскиот клуб Лос Анџелес Лејкерс откако постигна договор со семејството Бас, кое ја поседува франшизата од 1979 година.

Тогаш Бас го купи легендарниот НБА-клуб за 68 милиони долари, а сега, според „Њујорк тајмс“, договорот ќе биде вреден 10 милијарди долари, што ќе ги направи Лејкерси најскапиот спортски клуб во светот. Претходниот рекорд го држеше договорот за купување на Бостон селтикс од 6,1 милијарди во 2024 година.

Волтерс е сопственик на „Гугенхајм партнерс“, компанија за финансиски услуги со средства од 325 милијарди долари, а исто така ги поседува и Лос Анџелес доџерс, Лос Анџелес спаркс, како и удел во тенискиот Куп Били Џин Кинг, Кадилак Формула 1 и Женската професионална хокеарска лига во Америка.

Дури и по промената на сопственоста, Џини Бас – ќерка на Џери Бас, кој почина во 2013 година, ќе остане главен оперативен директор на франшизата, за која се настапуваат кошаркарските ѕвезди Леброн Џејмс и Лука Дончиќ.

Најнови вести од: Спорт

Северна дефинитивно оди во историја, кошарката пак ќе биде – Македонска !

На претстојното Собрание на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), закажано за 25 август, една од клучните точки на дневен ред ќе биде враќањето на оригиналното име на федерацијата, со отстранување на придавката „Северна“

Турска убавина за европски Тиквеш

Летово, фудбалскиот клуб Тиквеш започна нова ера во својата историја по преземањето од германскиот инвеститор со турско потекло, Осман Таш. Тој воведе своја раководна структура со цел да имплементира европски стандарди во сите аспекти на клубот.

To top