Спорт

Сензација во Србија: Прво финале на плејофот без евролигашите Партизан и Звезда

Во полуфиналето „црно-белите“ загубија од ФМП до 92:79, а по нив и „црвено-белите“ од Спартак Суботица со 90:89

Првпат во историјата на кошаркарското првенство на Србија за шампионската титула нема да се борат евролигашите Партизан и Црвена Звезда, благодарејќи на сензационалниот епилог од новиот формат со четвртфинале и со фајналфор, кој го искористија ФМП и Спартак од Суботица.

Во полуфиналето во „Белградската арена“ прво ФМП го декласира Партизан со 92:79, а потоа Спартак ја совлада Звезда со 90:89, па утревечер од 20 часот Србија првпат ќе добие шампион кој нема да биде еден од вечните белградски ривали.

Во 20-годишната историја на Кошаркарската лига на Србија, покрената во сезоната 2006/2007 и не е раководена од националната федерација, „црно-белите“ и „црвено-белите“ освоија по девет титули, а сезоната 2019/2020 беше прекината поради коронавирусот.

 

 

 

Најнови вести од: Спорт

To top