Македонија

Рашковски ,,се вратил на врвот” и се прогласи за дијамант што бил прскан со кал

Осудениот на затворска казна за корупција и злоупотреби на народни пари вели дека е благороден метал со огромна вредност

Драги Рашковски, екс генералниот секретар на владата на Зоран Заев кој беше осуден на затворска казна за корупција со владини пари тврди дека повторно се вратил на врвот.

Во објава за награда што ја добил како иноватор на паметни регистарски таблички Рашковски за себе вели дека е највреден вид на благороден метал.

Во текстот тој се споредува со дијамант кој не можел да ја загуби вредноста кога е испрскан со кал.

Со оваа изјава Рашковски најверојатно сака да каже дека тој е невина жртва на напади по кои во времето на Зоран Заев беше уапсен и заврши во затвор и куќен притвор од кој се ослободи со промена на Кривичниот законик.

Целиот статус на Рашковски:

Повторно на врвот …

Златен медал на “Global Invention Forum” во организација на International Federation of Inventors’ Associations (IFIA) за иновацијата “Smart Vehicle License Plates” (Паметни регистарски таблици).

Особено горд што за оваа моја иновација веќе има глобални компании кои сакаат оваа иновација да ја реализираат.

Дијамантот не губи од вредност дури и ако го прскаш со кал.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски со честитка за Рамазан Бајрам: Како народ отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и на духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот.

Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам

Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

To top