Македонија Бизнис

Линеарно или процентуално зголемување на пензиите, што ќе биде изборот септември?!

Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, но се уште, не сме разговарале за тоа дали ќе биде линеарно или процентуално, иако го знаете мојот став дека јас сум поборник за тоа да има линеарно зголемување на пензиите, изјави неодамна на прес-конференција министерката за финансии, Димитриеска Кочоска. Претставувајќи го предлог ребалансот на Буџетот за […]

Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, но се уште, не сме разговарале за тоа дали ќе биде линеарно или процентуално, иако го знаете мојот став дека јас сум поборник за тоа да има линеарно зголемување на пензиите, изјави неодамна на прес-конференција министерката за финансии, Димитриеска Кочоска. Претставувајќи го предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година, на прес-конференција во Владата, Кочоска рече дека вкупниот транфер од Буџетот кон ПИОМ годинава ќе изнесува некаде околу 50 милијарди и дека со предлог ребалансот се предвидуваат дополнително околу 2,5 милијарди.

Фондот за ПИОМ, посочи Кочоска, добива приливи по однос на придонесите кои што ги остварува буџетот и тие, иако поминуваат преку Буџет, директно се трансферираат во ПИОМ.

  • Првата половина на годината имаше послаба реализација од она што ни е проектирано до крајот на годината, затоа што ние проектиравме, а проекцијата ќе се оствари бидејќи ние немавме усогласување со минимална плата и понатаму растат платите и сега веќе се чувствува од месец во месец, како имаме поголема наплата на придонесите, така што, 2,5 милијарди се испланирани, но тоа е само резултат на тие ликвидносни недостатоци, што го има ПИОМ во насока на тоа колку тој остварува од сопствените приходи, појасни Кочоска.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

To top