Спорт

Славен Билиќ најсериозен кандидат за селектор на Македонската Фудбалска Репрезентација

Поранешниот селектор на Хрватската Репрезентација, легендарниот Славен Билиќ би можел да биде новиот селектор на Македонија.

Поранешниот селектор на Хрватската Репрезентација, легендарниот Славен Билиќ би можел да биде новиот селектор на Македонија. Во тек се преговори помеѓу ФФМ и Славен Билиќ и има големи шанси, Хрватската легенда да ја води Македонија.

Билиќ е исто така поранешен тренер на големи клубови како Бешикташ, Вест Хем, Вест Бромвич, Вотфорд… Се работи за навистина квалитетен тренер, неговите успеси и резултати, никој не може да ги оспори.

Други имиња кои се поврзуваат со селекторското столче во ФФМ се: Гоце Седлоски (моменталниот тренер на Вардар) и србинот Марко Николиќ (тренер на АЕК Атина).

Најнови вести од: Спорт

Тајната улога на поранешната министерка за внатрешни работи во еден од најголемите спортски успеси на Македонија (ВИДЕО)

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

To top