Свет

МПЦ-ОА со сочувство до Антиохискиот патријарх и осуда за нападот врз црквата „Свети Илија“ во Дамаск

Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) му изрази сочувство на Јован Десетти, патријарх Антиохиски и на целиот Исток, за настраданите во вчерашниот терористички напад во црквата „Свети Илија“ во Дамаск, во кој бомбаш-самоубиец уби најмалку 20 и повреди 52 присутни на литургијата. „Со неизмерна болка и длабока душевна тага ја примивме веста за ужасниот терористички напад […]

Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) му изрази сочувство на Јован Десетти, патријарх Антиохиски и на целиот Исток, за настраданите во вчерашниот терористички напад во црквата „Свети Илија“ во Дамаск, во кој бомбаш-самоубиец уби најмалку 20 и повреди 52 присутни на литургијата.

„Со неизмерна болка и длабока душевна тага ја примивме веста за ужасниот терористички напад кој се случи на 22 јуни 2025 година во храмот „Свети Илија“ во Дамаск, во кој животот го загубија многубројни православни христијани. Сторениот страотен злочин ги потресе не само христијаните во светот, туку и сите луѓе со љубов и добра волја.

Осудувајќи го ваквиот грозоморен чин, дозволете ни од наше име и од името на браќата архијереи, како и од сета полнота на МПЦ–ОА, да Ве увериме во нашата искрена и длабока сострадалност, целосна поткрепа и усрдна молитва за Вас и за возљубената, страдална и маченичка Антохиска православна црква. Едновремено, заедно со Вас, ја очекуваме брзата реакција на надлежните власти во пронаоѓањето и санкционирањето на одговорните за ваквиот злостор.

Ваше Блаженство,

Дозволете ни уште еднаш да го изразиме Нашето срдечно и длабоко сочувство кон Вас, кон семејствата на трагично постраданите антиохиски новомаченици и кон сите антиохиски христијани.

Триединиот Бог, Кој Самиот е Љубов, Крепост и Утеха, нека ги упокои душите на постраданите во лоното Аврамово, нека им даде скоро закрепнување на повредените, нека им биде постојана утеха на семејствата на жртвите и нека Го испрати Својот драгоцен мир врз полнотата на маченичката Антиохиска Црква.

Со братска љубов во Распнатиот и Воскреснат Христос“, стои во пораката од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Антиохиската православна црква е на третото место со ранг на патријаршија во православниот свет, веднаш по Цариградската и Александриската, и се смета за една од петте најстари цркви, основана од апостолите Петар и Павле во 37 година.

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

Најнови вести

To top