Македонија

Храмот „Св. Константин и Елена“ во Скопје ќе биде осветен на 28 септември

Осветувањето ќе го изврши поглаварот охридски и македонски, г.г. Стефан, во сослужение со архијереи на МПЦ-ОА

Тринаесет години по почетокот на изградбата, храмот „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“ во Скопје конечно ќе блесне во полн сјај на 28 септември, кога ќе биде осветен.

Светата литургија, која ќе почне во 8:30 часот, ќе ја изврши архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан., во сослужение со архијереи на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Првобитниот храм бил граден пред и по Првата светска војна, а бил осветен во 1926 година. Во земјотресот во 1963 година црквата имала оштетувања, кои не биле сериозни за да биде урната, но на почетокот на 1970-тите храмот бил миниран за да се изгради Градскиот трговски центар.

Возобновувањето требаше да се направи на оригиналната локација на плоштадот „Македонија“, но по реакцијата и протестите од муслиманите и од разни „архибригади“, „гушкачи на ГТЦ“, атеисти итн., храмот е „преместен“ спроти Домот на Армијата на Република Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Ибрахими: Ахмети ја „продава“ како национална преродба победата во Брвеница, но таа е под правна власт на РМ како и сите општини со албанско мнозинство!

„Општина Брвеница доби претседател-Албанец, но лидерот на ДУИ Али Ахмети ја продава оваа победа како национална преродба! Брвеница е навистина албанска, но е под надлежност и правна власт на Република Македонија, исто како и сите други општини со албанско мнозинство. Според Уставот, Македонија е унитарна и централизирана држава, каде што суверен народ се Македонците. Додека Албанците, според овој Устав и ‘националните заслуги’ на Али Ахмети Ахмети остануваат народ од втор ред.“ – изнесува на својот фејсбук-профил Орхан Ибрахими. Тој е сега еден од основачите и лидерите на политичкото движење „Арберија“, кое дејствува во рамки на владината членка коалицијата „Вреди“.

Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, ЈО да постапи по ревизорските извештаи

Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување

To top