Македонија

Мицкоски: Мислам дека Таравари сака да се врати во ДУИ

„Му посакувам сѐ најдобро на Арбен Таравари, ќе го поканам на кафе во Владата и ќе сумираме што е е направено досега„, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски и со тоа потврди дека министерот за здравство, кој е од Алијанса за Албанците, излегува од Владата. „Јас забележав и мислам дека Таравари и неколкумина околу него се […]

„Му посакувам сѐ најдобро на Арбен Таравари, ќе го поканам на кафе во Владата и ќе сумираме што е е направено досега„, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски и со тоа потврди дека министерот за здравство, кој е од Алијанса за Албанците, излегува од Владата.

„Јас забележав и мислам дека Таравари и неколкумина околу него се одлучени да се вратат во прегратките на Али Ахмети и ДУИ. Јас можам само да му посакам среќа и се надевам дека ќе имаме една завршна средба следната недела во која ќе сумираме што е тоа што е направено и да му посакам пред сѐ добро здравје.

Тоа е она кое што ни е најважно на сите нас. Морам да кажам дека најмалку што очекував е да се врати назад во прегратките на Али Ахмети и останатите, но тоа е сепак негова одлука и убеден сум одлука на малкумина и дека тоа не е одлука на членството на Алијанса на Албанците и на голем дел на луѓето кои се дел од оваа Влада. Чесно и доблесно беше самиот тоа да го направи да не ја влече Владата за нос и граѓаните, но ете полека, но сигурно станува јасно дека тој се враќа назад во прегратката на сите оние кои повеќе од 2 децении ја пустошеа, криминалиизраа и ограбуваа и ја фрлија Македонија на колена“, рече денеска Мицкоски.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top