Македонија

(Видео): Пак ќе треба да се извинуваат, премиерот лут на СДСМ оти го мешале неговото семејство

Некаде треба да стигнете побргу и да се вратите побргу бидејќи имате обврски, а од друга страна имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште. Повторно ни криви ни должни го мешаат моето семејство. Моето семејство беше таму, им се придружив, наместо три останав четири дена и пред нив се вратив со шефот на моето обезбедување, рече Мицкоски во однос на патувањето со владиниот авион во Сплип.

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад хоминем напади да се догребе до некоја сламка за спас, рече синоќа премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги обвинувањата од опозицијата за користењето на владиниот авион. Мицкоски во „Само интервју“ на ТВ Канал 5 посочи дека секој кој имал потреба и го запазил протоколот го користел владиниот авион.

  • Некаде треба да стигнете побргу и да се вратите побргу бидејќи имате обврски, а од друга страна имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште. Повторно ни криви ни должни го мешаат моето семејство. Моето семејство беше таму, им се придружив, наместо три останав четири дена и пред нив се вратив со шефот на моето обезбедување, рече Мицкоски во однос на патувањето со владиниот авион во Сплип покажувајќи лист од барањето за патувањето.

Сега, вели Мицкоски, повторно ќе треба да се извинуваат, осудени се во неколку наврати како политичка партија дека клеветат и дека лажат.

Тој посочи дека во изминатите 20 месеци од опозицијата не слушнал ништо освен лаги и лични навреди.
  • Ние како опозиција имавме политики кои ги нудевме како решение, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

To top