Македонија Бизнис

Димитриеска-Кочоска ја презеде лидерската улога во Центарот за развој на финансии

Силните институции се вистинскиот мотор на одржливите промени. Тие ја претвораат визијата во резултати,“ истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на завршната сесија на Годишниот состанок на Управниот одбор на CEF Форумот, кој се одржа во Бечиќи, Црна Гора. Во своето обраќање, министерката нагласи дека институционалниот развој не е дополнување на реформите, туку нивна основа. Таа истакна дека јавните […]

Силните институции се вистинскиот мотор на одржливите промени. Тие ја претвораат визијата во резултати,“ истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на завршната сесија на Годишниот состанок на Управниот одбор на CEF Форумот, кој се одржа во Бечиќи, Црна Гора. Во своето обраќање, министерката нагласи дека институционалниот развој не е дополнување на реформите, туку нивна основа. Таа истакна дека јавните институции мора да бидат стратешки ориентирани, да дејствуваат со интегритет и да реагираат агилно на предизвиците, особено во управувањето со јавните финансии.

„Нашата способност да спроведеме реформи не зависи само од стратегии и акциски планови, туку од капацитетот и отпорноста на институциите што ги спроведуваат тие промени,“ посочи Димитриеска-Кочоска.

Затоа, како што потенцираше Димитриеска-Кочоска, Министерството за финансии го постави институционалниот развој во сржта на својата реформска стратегија со формирањето на Академијата за јавни финансии која е доказ за таа посветеност.

„Академијата не е само центар за обука, туку двигател за градење компетенции и трајна култура на учење,“ рече таа.

На Форумот, Димитриеска-Кочоска ја истакна и важноста на регионалниот дијалог и заедничкото учење, при што упати благодарност до меѓународните партнери за нивната поддршка преку техничка помош, советување и програми за градење капацитети.

Министерката упати и посебна благодарност до Управниот одбор на CEF за довербата и лидерството, по повод преземањето на претседателството со Управниот одбор од страна на Македонија.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

To top