Македонија Бизнис

Се работи со полна пареа – Зошто баш сега заживеа изградбата на автопатот кон Охрид?!

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, во изјава за поткастот на неговата партија, истакна дека во минатото немало доволно координација помеѓу надзорот и изведувачот и затоа не се ни градел автопатот Скопје-Охрид. Трајановски рече дека немало ниту доволно присуство на Државни патишта на терен. „Мислам дека со моето присуство, скоро секоја недела […]

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, во изјава за поткастот на неговата партија, истакна дека во минатото немало доволно координација помеѓу надзорот и изведувачот и затоа не се ни градел автопатот Скопје-Охрид.

Трајановски рече дека немало ниту доволно присуство на Државни патишта на терен.

„Мислам дека со моето присуство, скоро секоја недела сум таму на состаноци, сето тоа го дотеравме во ред и мислам дека резултатите веќе се гледаат и на терен. Се гледа кога одите накај Охрид дека има многу механизација, многу луѓе и на главниот пат и на пристапните патишта“, рече тој.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

To top