Македонија

Поранешниот градоначалник на Крушево го напушта СДСМ

Не сака да биде дел од органи и тела на политичка партија и затоа донел одлука да се повлече од политичките функции, објави Томе Христоски на социјалните мрежи

Томе Христоски на социјалните  мрежи објави дека ја започнува постапката за враќање на неговото работно место во Министерството за внатрешни работи.

„Оваа одлука ја носам со почит кон институциите и со целосна одговорност кон законите. Јас немам намера да работам спротивно на прописите или да бидам дел од какви било политички калкулации. Политиката за мене никогаш не била средство за лична корист, туку начин да се помогне, да се слушне народот и да се решаваат проблеми.

Благодарен сум за поддршката, довербата и сите соработки. Работев чесно и транспарентно, со чисти намери и со почит кон секој граѓанин“, вели во објавата на Фејсбук поранешпниот градоначалник.

Најнови вести од: Македонија

Министер Алиу: 50% од населението во Македонија се зависни од цигари

Министерот за здравство, Азир Алиу, во синоќешното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, истакна дека длабока анализа на постојната состојба покажала дека околу 50 отсто од популацијата во Македонија е зависна од цигари

To top