
-Не преживеавме целосно, но постои начин сето тоа да дојде онаму каде што му е место.за сето топа зборуваат геополитичките случувања кои ги живееме. Посебно она што го нарекуваат, па дури и Доналд Трамп кој на својот профил го нарече втора Јалта, не ќе да е втора Јалта но има една симболика во составот на трите најголеми држави, најмоќни држави во светот има една симболика и тоа навестува дека навлегуваме и ќе стасаме до новата Јалта кај што навистина ќе се разговара оти неможевте вие да очекувате на средба на шфови на три најмоќни држави во светот без пред тоа да има состаноци на технички групи, состаноци и средби кои со денови и недели ќе се одржуваат за да се усогласат нештата, неможете да очекувате што и да е, рече Ангеловски.
Ангеловски средбата на Трамп, Путин и Џипинг ја оценува како „извонредна“и кон „воведување на нов мултиполарен светски поредок“. Според него, „ако Македонија опстане на својот суверенитет ќе има можност да влезе повторно во битка за освојување на сопствениот национален идентитет“.
-Како прв чекор беше извонредна средба кон воведување на тој целосен мултиполарен светски поредок, во кој Трамп на третиот ден откако по втор пат кога беше избран за претседател рече дека светот мора да стане поле за натпревар на националните идентитети, на суверени национални идентитети. Во таков распоред на околности доколку скоро дојде и Република Македонија ако опстане на својот суверенитет ќе има можност да влезе повторно во битка за освојување на сопствениот национален идентитет и како таква да влезе во натпревар со останатите, смета Ангеловски.