Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Каде се 2.000 тони јачмен и пченица?

Пченицата била во употреблива состојба, па направен е записник кој го негира тоа, и донесен на владина седница, кога Филипче е дел од владината структура

СДСМ може да зборува за реформи и за европски вредности колку што сака, но нивното седумгодишно владеење се бележи само по тендерите.

„Тоа значи тендери како политика, тендери и како идеологија, па дури можеби и како лична агенда. Филипче се обидува да ја изгради улогата на морален коректив во опозиција, ама јасно е дека нивната матрица не се менува – прво направи хаос, па направи уште поголем хаос да го прикриеш првиот, обвини некој трет, изигрувај жртва.“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Така, во периодот 2019-2021 година, се додава, или во златната ера на тендерските шеми на Зоран Заев и на Венко Филипче, отпишани се 2.000 тони јачмен и пченица во вредност од околу 800.000 евра од стоковите резерви.

„Пченицата инаку била во употреблива состојба, па направен е записник кој го негира тоа, и донесен на владина седница, кога Филипче е дел од владината структура. За да се прикрие ова, се склучуваат два тендери за набавка на 20.000 тони со соседна држава за да се пополнат дупките во залихите. Заев, Филипче и Николовски ги убедуваа граѓаните дека сè е под контрола, дека сè функционира професионално, но за ова трио тоа значеше само дека внимателно си ги контролираат тендерите“, се вели во соопштението.

И сега, како може СДСМ да се реформира кога самиот лидер е дел од истите шеми за кои избегнува да зборува, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да се оградат, СДСМ го продава Филипче како ново лице на опозицијата и партијата ќе продолжи да тоне бидејќи не може човек кој не ја заштити државата кога беше на власт, сега да дели совет додека е во опозиција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

(Фото): Европските даночни советници доаѓаат во Скопје

Институтот на сметководители и овластени сметководители го зајакнува меѓународното позиционирање на македонската сметководствена професија, преку активно учество на водечките европски и глобални професионални конференции и форуми. Поедноставувањето на регулаторните барања, намалувањето на административниот товар и создавањето подобри услови за работење на малите и средните претпријатија, беа во фокусот на дискусиите на овие собири.

Јаневска за исхраната на учениците: Утврдивме неправилности, ќе произлезат препораки за училиштата

Министерството за образование и наука (МОН) наскоро до сите училишта во земјата ќе достави препораки за исхраната на учениците, најави денеска од Штип, министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа истакна дека МОН заедно заедно со УНИЦЕФ, Светска банка и неколку невладини организации со коишто соработуваат, направено е истражување за да видат како се […]

Потврдена средбата Муцунски-Петрова, Македонија ќе порача дека може да се најде решение само со дијалог

Сподели
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека е добиена официјална потврда за одржување билатерална средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова утре во Софија, каде се одржува Меѓународна конференција на министерско ниво, посветена на развојот и стратешкото значење на Паневропскиот коридор 8.

To top