Македонија

Наместо во затвор – на операција на втор тестис

Судијата за извршување санкции од Основниот суд во Гостивар потврди дека претходно добил барање за одложување на издржувањето на казната затоа што Белули бил хоспитализиран во петокот, на 28 ноември, а за денеска му била закажана операција за кила на тестиси

Случајот се најде во фокусот на јавноста откако Ремзи Мифтари, одговорниот за превоз во „Дурмо турс“, кој, како и Белули е осуден на 10 години затвор, не се појави во „Идризово“ за издржување на казната. Тој е во бегство и по него е распишана потерница.

Белули, кој претходно двапати успеа да го добие одложување на издржувањето на казната, денеска требаше да се појави во најголемиот затвор во државата.

Но, наместо во „Идризово“, тој се наоѓа во Клиничката болница во Тетово на операција.

Судијата за извршување санкции од Основниот суд Гостивар, Кирко Михајловски, за „Телма“ потврдил дека претходно добил барање за одложување на издржувањето на казната затоа што Белули бил хоспитализиран во петокот, на 28 ноември, а за денеска му била закажа операција за кила на тестиси.

Судијата во телефонски разговор потврдил дека денеска претпладне лично бил во болницата во Тетово, каде што зел изјава од докторот што треба да го изврши хируршкиот зафат. Тој рекол и дека лично го видел Белули на болнички кревет.

Михајлоски потврдил дека одобрил одложување на терминот за почеток на издржување на казната за 15 дена. Новиот термин кога Белули треба да почне со издржување на казната е 17 декември.

Ова е третпат како Белули го одложува одењето во затвор поради здравствени причини.

 

Најнови вести од: Македонија

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија, рече министерот за одбрана

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

To top