Македонија

Денес во Кавадарци Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: отворање ново поглавје на опстојот и развојот на македонската држава со „Стратегија Македонија 2030“

„Стратегијата Македонија 2030“ ја дефинира улогата на ВМРО-ДПМНЕ токму во таа насока: партија што предвидува, а не следи; партија што гради систем, а не мандат; политичка сила што поставува долгорочна архитектура на државата. Како генерација ние мораме да обезбедиме стабилна и просперитетна иднина на поколенијата, што доаѓаат. Сега е нашето време да ја ставиме својата цигла во нашиот заеднички дом – Македонија. ВМРО-ДПМНЕ повторно е прва политичка опција која го трасира патот кон иднината. Следуваат нови победи за Македонија и добра иднина за сите.“ – соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На Конгресот ќе биде донесена новата Стратегија на партијата: „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ (правци за дејствување, развој и државно водство), како и придружни документи. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека македонската држава мора да има јасен стратегиски правец, за да опстои и да напредува: стабилна државност, функционални институции, современа економија и цврсто заштитен македонски идентитет.

 Со оваа Стратегија ВМРО-ДПМНЕ се дефинира како водечка европска, демократска и вредносно ориентирана политичка сила во Македонија. Пред да се гласа за Стратегијата, делегатите ќе ја имаат во електронска форма достапна преку QR код на делегатските акредитации, се вели во соопштението.

Европската десница, посочува партијата, го афирмира моделот на социјална пазарна економија, систем што ја балансира слободата на пазарот со одговорноста на државата да ги штити ранливите и да создава еднакви можности. Тој модел ја поддржува иницијативата, но ја одбива зависноста; ја охрабрува иновативноста, но ја отфрла злоупотребата; го гради општеството на труд, знаење и фер конкуренција, а не на привилегии и клиентелизам.

– Во македонски услови, ова значи квалитетно здравство, конкурентно образование, функционални јавни услуги и политики што го задржуваат талентот дома, наместо да го иселуваат. Современата држава мора да биде ефикасна, транспарентна и отпорна. Владеењето на правото е нејзината фундаментална основа. Администрацијата мора да биде професионална, департизирана и ориентирана кон резултати; судството независно и функционално; институциите доследни на стандарди, а не на вертикали на влијание. Дигиталната трансформација претставува најголемата можност за вистинска реформа: институции што работат преку податоци, алгоритми што ја намалуваат корупцијата, автоматизирани услуги што ја елиминираат бирократијата и системи што ја прават државата побрза, поефикасна и потранспарентна од било кога, велат од ВМРО-ДПМНЕ и посочуваат дека  ова не е технолошка агенда, туку визија за современа државност, држава што им служи на граѓаните, а не обратно.

Недостигот на дисциплина во институциите, укажува партијата, е една од најдлабоките слабости на постсоцијалистичките демократии. ВМРО-ДПМНЕ затоа ја поставува реформската државност како еден од своите централни идеолошки столбови: институциите мора да работат според правила, а не според импровизации; администрацијата мора да биде професионална, а не партиски зависна; политичката власт мора да поставува стандарди, а не да бара исклучоци; јавната служба мора да биде предвидлива, ефикасна и транспарентна.

– Овој принцип ја претвора државата од „простор на политички судири“ во функционален систем – услов за економски раст, правна сигурност и стабилни политички процеси. Реформираната државност е темелот на вистинска европеизација. ВМРО-ДПМНЕ како македонска центар-десница е втемелена во филозофијата дека државата мора да биде силна: таму каде што штити, ограничена таму каде што пречи  и присутна таму каде што создава јавна добробит. Таа филозофија ги обединува слободата, достоинството, одговорноста и државноста како четири носечки столба. Како генерација ние мораме да обезбедиме стабилна и просперитетна иднина на генерациите што доаѓаат. Сега е нашето време да ја ставиме својата цигла во нашиот заеднички дом – Македонија. ВМРО-ДПМНЕ повторно е прва политичка опција која го трасира патот кон иднината. Следуваат нови победи за Македонија и добра иднина за сите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ .

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Добри односи со сите соседи по принципот „двонасочна улица“, но прво заштита на интересот на државата и на идентитетот!

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека како Влада работат темелно и посветено на остварување на целите што ги инаат зацртано во насока на развој на државата и на процесот на нејзина евроинтеграција. Имаат, вели, план и стратегија на чие остварување работат без да ветуваат чуда, туку да ги постават работите на здрава основа.

„Нетпрес“: Дали целта на проектот на СДСМ „Готови пари во џеп“ е нивните функционери да си ги наполнат џеповите како што правеа и кога беа на власт?!

„СДСМ ја претстави на својот 32-ри конгрес програмата со проект ‘Готови пари во џеп’. Но, дали целта на овој проект е нивните функционери да си ги наполнат своите џепови?!“  – прашува информативната агенција „Нетпрес“ во својот редакциски коментар „СДСМ во новата програма ветува ‘кеш во џеб’, дали тоа важи за нивните функционери?“.

Мицкоски: Можно е намалување на даноците за транспорт, но не и за цигари

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата со инфлацијата и разгледува таргетирани мерки во интерес на граѓаните, но засега нема да интервенира кај цените на алкохолните пијалоци и тутунските производи.

Најнови вести

To top