Свет

Кадиров: Украина брзо ќе го добие мојот личен „подарок“

За нападот на украински дрон врз една од зградите во комплексот Грозни-Сити Кадиров вели дека таквите акции не се ништо повеќе од обиди за заплашување на цивилното население и создавање илузија за притисок

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров најави одмазда врз украински воени објекти за нападот врз главнот град Грозни.

„В текот на следната недела, воените објекти во Украина ќе бидат нападнати како одмазда за нападот со беспилотни летала врз облакодер во Грозни“, изјави денес чеченскиот лидер 

„Почнувајќи од утре и во текот на следната недела, украинските неонацисти ќе го почувствуваат нашиот суров одговор. За разлика од нив, ние нема кукавички да пукаме кон цивилни цели.

За нападот на украински дрон врз една од зградите во комплексот Грозни-Сити Кадиров вели дека таквите акции не се ништо повеќе од обиди за заплашување на цивилното население и создавање илузија за притисок.
За нас, најважно е никој да не биде повреден. И брзо ќе ја обновиме зградата“, напиша тој.

Тој го опиша нападот како јасен знак за немоќта на непријателот, кој се обидува да ја компензира сопствената слабост со погодување цивилни цели.

„Ветувам дека нашиот одговор нема да задоцни. Непријателот наскоро ќе го добие мојот личен „подарок“ за него“, забележа чеченскиот лидер.

Во видеото, тој ги повика луѓето од Украина да се изјаснат против војната со Руската Федерација.

„Тие ве кинат еден по еден. Излезете и кажете го вашето мислење. Вашите деца се убиваат, уништуваат. Затоа, излезете и кажете го вашето мислење“, рече Кадиров во својата изјава.

„Бидете внимателни, или целосно ќе ја изгубите вашата нација. Ако има барем еден човек во Украина, тој мора да се спротивстави, а народот мора да го следи“, додаде Кадиров.

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top