Хроника

Мексиканец удрил полицаец со лименка пиво во глава на „Октобер-фест“

Мексиканец доби притвор откако со лименка нападна полицаец во Ѓорче

31-годишен државјанин на Мексико, е осомничен за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста а Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против него.

Инцидентот се случил на 19 септември за време на манифестацијата „Октобер Фест – звуците на културата“ во паркот „Ѓорче Петров“. Осомничениот, како што е наведено, физички нападнал полициски службеник кој се обидел да го легитимира.

Тој наводно го удрил полицаецот со лименка пиво во главата, а потоа повторно го нападнал, удирајќи го по рацете додека службеникот се обидувал да го приведе.

Од ОЈО Скопје информираат дека, имајќи предвид дека осомничениот нема пријавен престој во Македонија, јавниот обвинител оценил дека постои опасност од бегство.

Поради тоа, до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор за 31-годишниот осомничен.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

To top