Македонија Бизнис

Кочоска-Димитриеска: За една година поставивме темели за стабилна економија и реален раст

Го презедовме Министерството во момент на висок јавен долг, дефицит без покритие и минимални капитални инвестиции. За само 12 месеци покажавме дека со одговорност и стручност можеме да ја стабилизираме економијата, истакна министерката за финансии Гордана Кочоска-Димитриеска која го презентираше отчетот за првата година од мандатот на Владата, потенцирајќи конкретни резултати и јасна стратегија за […]

Го презедовме Министерството во момент на висок јавен долг, дефицит без покритие и минимални капитални инвестиции. За само 12 месеци покажавме дека со одговорност и стручност можеме да ја стабилизираме економијата, истакна министерката за финансии Гордана Кочоска-Димитриеска која го презентираше отчетот за првата година од мандатот на Владата, потенцирајќи конкретни резултати и јасна стратегија за економски раст и стабилност. Во извештајот се наведуваат клучни постигнувања:

Намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг (намален за 36 милиони евра и за 4,7 процентни поени во БДП); Исплата на 500 милиони евра Еврообврзница без нови шокови по ликвидноста; Континуиран економски раст над 3%; Стабилизирана инфлација со тренд на опаѓање; Капитални инвестиции со реална основа и подготовка; Активирани 250 милиони евра преку Развојната банка и инвестициски циклус од 300 милиони евра во приватниот сектор; Рекордни странски директни инвестиции – 1,255 милијарди евра.

На социјален план, се потенцира зголемувањето на платите за 87.000 вработени во јавниот сектор, растот на просечната плата над 40.000 денари, како и линеарното зголемување на пензиите.

Во фокусот се и структурните реформи: нови фискални правила, стратегија до 2030, воведување на СЕПА, уредба за реални јавни инвестиции и усогласување со ЕУ преку Законот за глобален минимален данок.

  • Економијата не е само статистика – тоа се плати, пензии, работа, инвестиции и предвидлива иднина. Ова е само почеток – продолжуваме со дигитализација, подобра наплата и поголема отчетност“, порача Кочоска-Димитриеска.

Истовремено, како што нотираше Димитриеска-Кочоска беше подготвен Буџетот за 2025 година, кој е прв во новата концепција на фискална консолидација и економски развој. Буџетот за следната година носи посебен фокус на капитални инвестиции, на општински проекти, поддршка за приватниот сектор и стратешки насоки за забрзан економски раст.

  • „Во изминатата година, беше постигната значајна фискална консолидација. Буџетскиот дефицит е намален, а јавниот долг е намален за 36 милиони евра во однос на крајот на 2024 година, со намалување на неговото учество во БДП за 4,7 процентни поени. Тоа беше постигнато во услови кога државата успешно ја отплати Еврообврзницата од 500 милиони евра, ги сервисираше обврските на домашниот пазар во висина од 10,7 милијарди денари, и истовремено го намали задолжувањето во споредба со истиот период лани за 16,4%. Економската активност, по години на нестабилност, бележи континуиран раст. Последователно три квартали, стапката на раст изнесува околу 3%, што е над проекцијата. Забележан е раст од 2,8% за 2024 година, којшто ја надминува сопствената владина проекција од 2,1%. Важно е што растот не е концентриран само во една гранка, туку се забележува активност во индустријата, услугите, градежништвото и извозот. Истовремено, инфлацијата е значително намалена од 14% на почетокот на 2023 година и е стабилизирана со тенденција на понатамошно намалување кажа министерката во отчетот.

Министерството за финансии, како што кажа министерката во изминатата година преку Развојната банка, обезбеди 250 милиони евра за поддршка на приватниот сектор, со активирање на инвестиции во нови капацитети, опрема и работни места, со ефект од околу 300 милиони евра во инвестиции. Во исто време, за првпат во историјата, во Буџетот беа предвидени 250 милиони евра директна поддршка за општините, со средства распределени за конкретни инфраструктурни проекти – водоводи, канализации, училишта, градинки и проекти за енергетска ефикасност.

  • „Странските директни инвестиции во 2024 достигнаа историски рекорд од 1,255 милијарди евра. Во првиот квартал на 2025 година веќе се реализирани инвестиции од 135,8 милиони евра, со пораст на сопственички капитал и реинвестирана добивка за 17,4% во споредба со истиот период минатата година дополни министерката.

Министерката посочи дека со серија мерки, Владата и Министерството ја зајакнаа конкурентноста на домашната индустрија – се намалија царинските стапки за 67 суровини и репроматеријали, а се либерализираше увозот на стоки од САД како дел од унапредување на економската соработка со стратешките партнери. Македонија стана дел од СЕПА – областа за единствени плаќања во ЕУ, што значи дека граѓаните и компаниите ќе можат да вршат трансфери во 38 земји по исти услови како и во домашниот платен промет.

  • „Во текот на годината се спроведени и сериозни структурни реформи. Започна имплементација на Законот за буџети со кој се воведува трогодишно буџетско планирање, а беше донесен и пакет од 17 подзаконски акти кои обезбедуваат ефикасно управување со јавните финансии. Македонија прва во регионот ги исполни условите за повлекување авансни средства од Планот за раст на ЕУ кажа министерката.

Во делот на мерките за подобрување на животниот стандард министерката кажа дека изминатата година просечната плата е зголемена за повеќе од 10% и сега надминува 40.000 денари, а пензионерите имаат зголемување од просечно 5.000 денари на годишно ниво. Обезбеден е раст на платите во администрацијата, здравството, образованието и полицијата – 87.000 вработени добија повисоки примања, што значи повеќе средства за многу домаќинства.

Во делот остварените реформи на Министерството за финансии, министерката посочи дека беше донесен Законот за глобален минимален корпоративен данок усогласен со европската директива, се заживеа Академијата за јавни финансии како институција за континуирана едукација и професионализација на јавниот сектор, а Министерството за финансии за првпат ја доби улогата на претседавач со Управниот одбор на ЦЕФ – Центарот за извонредност во финансиите, со седиште во Љубљана, што претставува признание за посветеноста на институцијата кон реформите и европските вредности.

 

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Меџити: Денешниот Конгрес на ДУИ беше фарса и „Куклен театар“, без да се одреди кој треба да одговара за поразот на изборите!

„Денес видовме рециклирање стари имиња, кои Конгресниот театар на ДУИ се обиде да ги претстави со ново пакување, нарекувајќи го реформа процесот на центрифугирање. Но, испрана облека не е нова облека!“ – реагираше градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити во објавата на својот фејсбук-профил.

СПМ: Дрските предлози на ДУИ и Ахмети од позиции на великоалбанскиот шовинизам се насочени кон уривање на уставниот поредок и слабеење на државата!

„Социјалистичката партија на Македонија ѝ укажува на јавноста дека наместо унитарна ДУИ предлага нестабилна држава, во која малцинството ќе го подреди мнозинството и ќе предлага одлуки, што ќе ја блокираат државата, а се и против интересите за нејзин развој. Социјалистичката партија на Македонија се залага за правна и демократска држава на сите граѓани, согласно со Уставот и законите, што е веќе уредено и признато во меѓународни рамки. Секое барање надвор од тоа е против интересите на граѓаните, државата и на македонскиот народ, но и против системот. Тоа е надвор од законот и претставува и повод за институционална реакција!“ – наведува Социјалистичката партија на Македонија во својата жестока реакција кон предлозите и барањата на ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, изнесени на нивниот денешен конгрес, одржан во Скопје.

Важно: Аеродромот во Скопје е отворен, но поради ниска видливост – откажани и пренасочени летови

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот Аеродром Скопје има пет откажани, два пренасочени и шест летови со доцнење. Од 12 часот временските услови се подобрени, така што три лета пристигнаа, еден полета, а три лета се спремни да полетаат, информираат од ТАВ Македонија.

Алсат: Наместо со темелни промени во ДУИ, Конгресот заврши со рокади во раководството, на истите имиња, од еден орган во друг!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешниот конгрес изнел барање „да се поддржи предлог-законот на ДУИ за проверка (ветинг) со меѓународен надѕор како гаранција за бескомпромисна правда“ и во овие рамки да се спроведела „длабинска истага за сите носители на јавни функции во последните 34 години, за министри, заменици, градоначалници, директори, судии, обвинители и полиција“! Но, да се спроведе и „истрага за активностите на органите на државната безбедност и нивните функционери од 1945 година до денес на ОЗНА, УДБ, СДБ, ДБК, УБК, АНБ“! Дали можеби челникот на ДУИ сака да им се принесат на тацна и сите досиеја и сета архива на тајната полиција и безбедносните служби на Македонија од 1945 година до денес – нешто што го бара и Бугарија во рамки на “добрососедскиот договор“?! Со која цел ДУИ, произлезена од некогашната УЧК од 2001 година, и нејзиниот лидер Ахмети, како поранешен „врховен командант на УЧК“, сега бараат „длабински истражен увид“ во сѐ она, што го работеле безбедносните органи на македонската држава во изминативе 80 години?! Постои ли случајност, или некакво „симптоматично совпаѓање“ меѓу барањето на ДУИ и Ахмети и барањето на официјална Софија, која, исто така, како и ДУИ и Ахмети, пројавува „специјален интерес“ за сознанијата и активностите на безбедносните служби на Македонија по Втората светска војна сѐ до денес?!

Екс-директорот на Лотарија Бајрами заедно со Груби украле милиони евра државни пари

Во извештај на ДЗР, утврдено е дека се исплаќале аванси за ‘мали добивки’ на деловни соработници вредни 14 милиони денари, од кои, за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна. Исто така ДЗР утврдил и спорна документација за 36 милиони денари готовински одливи и 7 милиони денари приливи. И за ова, во извештајот се вели дека има изјави дека за тие износи не се примени ниту вратени аванси.

Најнови вести

To top