Бизнис

Балканска награда за туризам за два оператора од Македонија

Хотелот „Манастир“ од Берово и комплексот „Лебедово езеро“ од Смолари со признанија од Софија

Хотелот „Манастир“ од Берово и комплексот „Лебедово Езеро“ од Смолари се двата македонски лауреата на 11. Балкански награди на туристичката индустрија, манифестација што се одржа во хотелот „Краун плаза Софија“.

Во конкуренција од учесници од Бугарија, Грција, Македонија и Косово, „Манастир“ го доби признанието за традиционално гостопримство и кулинарска автентичност, а „Лебедово Езеро“ за најдобар семеен ресорт.

Меѓу специјалните гости на настанот беше и македонската амбасадорка Агнеса Руси Поповска.

Најнови вести од: Бизнис

Трајко Славески на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици

Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.

Сме јаделе поскапа храна за 5%, скокнале и трошоците за вода и струја

Податоците покажуваат и дека трошокот за храна и за пијалаци ни се зголемил за 5,2 проценти на годишно ниво, додека ако се спореди декември со јануари, тие останале непроменети. Трошоците за облека и за обувки за една година се зголемиле за 1,2 проценти, но на месечно ниво тие се намалиле за 1,2 проценти.

Средба Славески-Варнс: Стабилниот финансиски систем и модерните платни решенија основа за инвестиции и економски раст

Гувернерот Славески нагласи дека одржувањето на макроекономската стабилност и финансиската стабилност е врвен приоритет на Народната банка, како основа за создавање стабилни и предвидливи економски услови, заради поттикнување на домашните и странските инвестиции и за одржлив економски раст.

To top