Македонија

Македонски државјанин се соочува со затвор до пет години во Бугарија за прегазување куче

Сторителот, кој изјавил дека ненамерно го удрил песот со автомобил, повикал полиција откако бил нападнат од друг маж

На државјанин на Република Македонија му се заканува затвор од една до пет години и парична казна од една до пет илјади лева (околу 500-2.500 евра) за прегазување куче со автомобил во Софија.

Вчера околу 18:24 часот на телефонот 112 е примен повик за тепачка помеѓу машкиот повикувач и друго лице, а причината е тоа што повикувачот малку порано удрил куче. Патролното полициско возило кое отишло на местото на настанот го идентификувало сторителот. За случајот е отворена постапка, идентификувани се тројца сведоци, земена е видео снимка и е воспоставена врска со сторителот.

Полицијата соопшти дека 29-годишниот маж не негира, не крие, признава што се случило, но не признава дека било намерно, објаснувајќи дека ненамерно направил маневар и поминал преку кучето. Во бугарските медиуми излезе информација дека станува збор за доктор на Военомедицинската академија, но таа не е потврдена и сè уште се проверува.

За случајот веќе е отворена предистражна постапка, соопшти Окружното обвинителство на Софија за тамошната телевизија Нова.

Истрагата се води според член од Кривичниот законик што се однесува на секој што незаконски ќе предизвика смрт, тешка или трајна повреда на ‘рбетно животно, покажувајќи суровост. Мажот нема криминално досие, не е познат на Министерството за внатрешни работи и не е приведен.

Жителите на станбениот блок „Расадник“, кадешто се случил немилиот настан, велат дека кучето се вика Маја и е познато во соседството веќе 14 години.

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top