Македонија

Македонците од Бугарија го одбележаа роденденот на Вапцаров

Пред споменикот на македонскиот поет во Банско чествуваа од ОМО „Илинден“ – ПИРИН, ОМО „Илинден“, „Толерантност“ итн.

Организации на Македонците од Бугарија денеска одбележаа 116 години од раѓањето на македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров.

ОМО „Илинден“ – ПИРИН, ОМО „Илинден“, Комитет за заштита на човековите права „Толерантност“ и други македонски организации во Бугарија положија свежо цвеќе на споменикот на Вапцаров во родното Банско, Пиринска Македонија.

Пред присутните говор за ликот и делото на големиот македонски патриот одржа копретседателот на ОМО „Илинден“ – ПИРИН, Ристо Џипунов.

Чествувањето на роденденот на авторот на вонвременската максима „Ние сме Македонци и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза“ продолжи со веселба во блиското село Бања.

Иако творел на бугарски јазик, Вапцаров недвосмислено се определувал како Македонец, а поради својата револуционерна дејност е уапсен, четири месеци ѕверски измачуван од бугарската фашистичка полиција и осуден на смртна казна, извршена на 23 јули 1942 година, заедно со уште еден македонски великан Антон Попов во дворот на една софиска касарна.

Најнови вести од: Македонија

Нелегално се продавале пиротехнички средства на Бит Пазар, цела роба е одземена

Полициски службеници од СВР Скопје-ЕВР Центар и Бит Пазар во Скопје, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 7107 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на три импровизирани тезги…

Таналари: Дали меѓународниот чинител е рамнодушен кон уставните промени, или има стратегија за помек притисок и јасни очекувања за реформи?

„Релативната тишина од страна на меѓународната заедница во врска со уставните промени создаде простор за расправа на домашната политичка сцена. Некои политичари го толкуваат тоа како знак дека меѓународната заедница не сака да се меша во толку чувствително домашно прашање. Други веруваат дека станува збор за нова стратегија: помек притисок, но со јасни очекувања за реформи.“ – наведува во својата колумна Африм Таналари, новинар во Албанската редакција на Радио Скопје.

To top