Македонија

„Силјан“ се закити со најпрестижните IDA награди во Лос Анџелес

Најдобар документарен филм и најдобра камера

Документарниот филм „The Tale of Silyan“ на Тамара Котевска триумфираше на 41. издание на IDA Documentary Awards во Лос Анџелес, освојувајќи ја наградата за најдобар документарен филм и најдобра камера.

– Ова е мојот најличен филм досега. Го посветувам овој успех на сите документарни воини ширум светот – изјави Котевска

Наградата за најдобра камера оди во рацете на кинематограферот на „Приказната за Силјан“ – Жан Дакар (Jean Dakar) која несомнено придонесува за целокупниот артистичен израз на филмот.

IDA признанијата важат за едни од највлијателните во светот на документарниот филм и се сметаат за еден од најсилните индикатори за успех во оскаровската трка. Добитниците многу често се наоѓаат меѓу номинираните, но и меѓу добитниците на Оскарите.

Овој успех ги зацврстува шансите на „Силјан“ во двете категории во кои се натпреварува во претстојната оскаровска сезона. Потесниот избор за Оскарите (short listed) ќе биде објавен на 16 декември, а финалните номинации на 22 јануари 2026 година.

Филмот, откупен од National Geographic Documentary Films, веќе предизвикува силен меѓународен интерес и го поставува македонското документарно творештво на значајно место во глобалниот филмски простор.

Најнови вести од: Македонија

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

To top