Македонија

(Фото): Јован Јосифовски добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

Наградата ДЕНЕС е основана во 2002 година од Центарот за современи уметности – Скопје. Од 2015 година, наградата ја организира здружението Факултет за работи што не се учат – ФРУ.

Во Сули-ан, прогласен добитникот на Наградата ДЕНЕС 2026 – најстарата и една од најзначајните независни награди во земјава за млади визуелни уметници до 35 години. Наградата, која вклучува двомесечен престој во Residency Unlimited во Њујорк во 2027 година, му беше доделена на Јован Јосифовски за неговата досегашна уметничка практика и нејзиниот актуелен развој. Жирито оцени дека делото „Оддел за управување со бесот“, претставено во рамки на изложбата на наградата ДЕНЕС, го означува моментот на промена во практиката на Јосифовски, кој оваа трансформација убедливо ја образложил и во својата презентација пред жирито.

  • „Неговата практика се наоѓа во пресуден момент на трансформација и сметаме дека Њујорк, во овој период од неговиот уметнички развој, ќе му понуди соодветна и поттикнувачка средина за понатамошна работа“, образложи жирито.

Годинава, за првпат, сите финалисти за наградата ДЕНЕС добија значајни признанија. Ана Трајковска е номинирана за реализација на самостојна изложба во Скопје во 2027 година. Жирито смета дека ова е вистински момент во нејзиниот развој за да добие можност да ги продлабочи своите идеи и, со соодветна поддршка, да ги развие во самостоен изложбен проект. Сергеј Калеников е номиниран за едномесечен престој во галеријата „Простор“ во Сплит. Жирито го препозна неговиот неодамнешен развој кон поекспериментални насоки во работата, проследен со поголема самодоверба и храброст, оценувајќи дека престојот ќе му овозможи да ги продлабочи овие нови насоки во својата практика.
  • Одлуката, како што истакнаа членовите, следеше по долга и инспиративна дискусија за практиките на тројцата финалисти.

Одлуката за Наградата ДЕНЕС 2026 ја донесоа: Натали Онглес, извршна директорка и коосновачка на Residency Unlimited, Њујорк; Јелена Мијиќ, мултимедијална уметничка и културна работничка од Белград и добитничка на наградата „Димитрије Башичевиќ Мангелос“ во 2017 година; и Илија Прокопиев, визуелен уметник и културолог, добитник на ДЕНЕС во 2011 година и актуелен уметнички директор на галеријата Шкуц во Љубљана.

 

Наградата ДЕНЕС е основана во 2002 година од Центарот за современи уметности – Скопје. Од 2015 година, наградата ја организира здружението Факултет за работи што не се учат – ФРУ, во рамки на АКТО фестивалот за современи уметности, во соработка со мрежата „Награди за млади визуелни уметници“ (YVAA), Residency Unlimited (RU) и фондацијата Trust for Mutual Understanding од Њујорк.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top